С О О П Ш Т Е Н И Е – Пријавување испити – прв циклус студии

Објавено: декември 25, 2019

Пријавување испити на прв циклус студии во јануарската испитна сесија ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, стриктно во периодот од

8 до 16.1.2020 година,

следејќи го Корисничкото упатство за студенти, точка 2.5

Студентите што ќе извршат уредно електронско пријавување на испит во iKnow системот, задолжително треба да достават и комплетно пополнета хартиена пријава до предметниот наставник на самиот испит (во спротивно, предметниот наставник нема да дозволи полагање на испит).

Студентите што очекуваат испитот да го положат преку колоквиум, пријавата ја доставуваат на вториот колоквиум. Доколку испитот не се положи преку колоквиум, доставената пријава е со важност и за јануарската испитна сесија.

Пријавите треба да се уредно пополнети, при што задолжително се внесуваат податоците за студентот, цело име на предметот, предметниот наставник, испитен рок во кој се пријавува испитот, студиската програма (ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ, ТК, ИКИ,…).

НАПОМЕНА: По овој рок студентите може да пријават испит во Одделението за студентски прашања со надомест од 400,00 ден. најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

 

Скопје, 24.12.2019 година                                                                                                                                           

                                                                                                                                                ОД ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА