1. Наслов на наставниот предмет |
Моделирање и симулациски околини | |||||||
2. Код |
3ФЕИТ07Л017 | |||||||
3. Студиска програма |
КТИ | |||||||
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен |
Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година/семестар |
IV/8 |
7. Број на ЕКТС |
6.00 | |||||
8. Наставник |
Д-р Сања Атанасова | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот |
Положени: Податочни структури и анализа на алгоритми | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со концептите на моделирање и модели за претставување на објекти и системи од реалноста. Концепти на симулации и алатки. По завршување на курсот студентите ќе бидат оспособеи за самостојна работа со разновидни техники за модели и моделирање и нивно претставување во компјутерски систем, како и за вршење и анализа на соодветни симулации. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед во моделирање. Околини. Модели. Аналитички методи при моделирањето. Моделирање со редици на чекање. Моделирање со Маркови процеси. Моделирање со дискретни автомати на состојби и Петри мрежи. Методи за анализа и комбинирање на модели. Примена на анализа и ажурирање на модели. Симулирање. Техники и алатки. Околини за симулирање. Поими. Симулации чекор по чекор (stepped). Симулации водени од настани (event driven). Генерирање (псевдо)случајни броеви за симулации. Веројатност и статистика во симулациите. Примена. Симулација на компјутерски системи и компјутерски мрежи. Обработка и анализа на податоци од симулација и статистичка обработка. |
||||||||
12. Методи на учење: Лабораториски вежби, практична работа и настава |
||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови |
2 + 2 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време |
180 | |||||||
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
30 |
||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
45 |
|||||||
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
10 |
||||||
16.2. Самостојни задачи |
25 |
|||||||
16.3. Домашно учење |
70 |
|||||||
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
10 |
||||||
17.2. Семинарска работа/проект |
30 |
|||||||
17.3. Активност и учење |
0 |
|||||||
17.4. Завршен испит |
60 |
|||||||
18. Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
||||||
од 51 до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||
од 61 до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
|||||||
од 71 до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||
од 81 до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
|||||||
од 91 до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
|||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Во текот на семестарот се предвидени два теста (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), активности кои вклучуваат изработка на семинарски трудови и поени од лабараторсики вежби (по завршување на вежбите). Во конечната оценка влегуваат поените од сите активности. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература |
||||||||
23.1. Задолжителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Аверил М. Лоу | Моделирање за симулации и анализа, 5 издание | МкГроу Хил | 2014 | ||||
2 |
Фишвик П. | Дизајн на модели за симулации и извршување | ПрентисХол (Пеарсон) | 1995 | ||||
3 |
Рос М. Шелдон | Симулации | Академик Прес | 2012 |