Доставувањето на комплетните документи за заверка на зимскиот и запишувањето на летниот семестар во учебната 2019/2020 година ќе се врши на шалтерите од Одделението за студентски прашања од 12:30 до 14:30 часот, во периодот
од 5 до 11.2.2020 година
Студентите електронското пријавување ќе го вршат преку информацискиот систем на:
www.iKnow.ukim.edu.mk со претходна најава.
Електронското пријавување е задолжително за сите студенти.
По овој рок електронското пријавување ќе биде оневозможено и студентите заверката и уписот на семестарот ќе можат да го извршат со молба и надомест од 500,00 ден.
НАПОМЕНА: Студентите кои електронски ќе се пријават, а нема да достават комплетни документи во Службата за студентски прашања ќе бидат избришани и од електронската евиденција и уписот ќе можат да го извршат со молба и надомест од 500,00 ден.
На шалтер нема да бидат примани некомплетни документи.
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Потребни документи за заверка на зимски семетар:
- Индекс
- Семестрален лист (Образец А4 за заверка на семестар) пополнет со предметите што се слушале во зимскиот семестар.
- Студентите кои плаќањето на финансиските обврски го реализираат на повеќе рати, потребно е да достават уплатница со реализирана уплата на рата на жиро-сметка на Факултетот.
- За следење на процесот на самоевалуација на ФЕИТ, студентите се должни да пополнат анонимна електронска анкета за наставата во изминатиот семестар. Електронската анкета се пополнува на адресата: http://anketa.feit.ukim.edu.mk/ и таа ќе биде достапна од 5.2.2020 година.
Електронската анкета е задолжителен предуслов за прием на документи за упис на семестар. Треба да се испринта последната страна од анкетата како доказ за изработена анкета.
Потребни документи за запишување на летен семестар
- Индекс
- Образец А3 за запишување семестар.
- Интерен пријавен лист за запишување предмети (треба да се достави интерниот лист кој ќе се испечати од веќе направениот електронски избор).
- Студентите кои запишуваат завршен/последен семестар, покрај уплатата за тековно запишаните кредити, треба да уплатат и 3 кредити за реализирана пракса на факултетската жиро с‑ка (задолжително да се уплати со засебна уплатница, со цел на дознака: уплата на кредити за пракса).
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Услови за заверување на семестарот
- Студентот може да го завери зимскиот семестар само ако ги исполнил академските обврски за сите предмети што ги запишал во дадениот семестар.
- потврда за исполнети академски обврски за предмет претставува добиен потпис од наставникот во индексот на студентот и во електронскиот iKnow систем.
- Семестарот може да се завери и без потпис за предметите за што се плаќа НАДОМЕСТ од 1000,00 денари на жиро-сметката на Факултетот (незаверените предмети не може да се полагаат, уплатата од 1.000,00 денари е за да можат да се заверат останатите, реализирани потписи).
- Студентот нема право да ги полага испитите по предметите за кои не ги исполнил академските обврски (нема потпис). Овие предмети, доколку се задолжителни, студентот е должен да ги запише и ислуша во следната учебна година (2020/2021).
Услови за запишување на семестар
Дополнителни документи за запишување семестар
- Студентите треба да достават уплатница за вториот дел од финансиските обврски за студирањето на жиро-сметкатата на факултетот согласно планот направен при нивното запишување:
- За студентите запишани во квота со партиципација (државна квота) финансиските обврски изнесуваат 100 ЕВРА во денарска противвредност (6150,00 ден), односно цената на 1 кредит изнесува 205,00 ден.
- Студентите кои плаќаат школарина (квота со кофинансирање на студирањето), финансиските обврски изнесуваат 200 ЕВРА во денарска противвредност (12300,00 ден), односно цената на 1 кредит изнесува 410,00 ден.
Правила за запишување летен семестар
- Секој студент е должен да изврши избор на предмети што ќе ги слуша според следните правила:
- По правило студентот во секој семестар запишува предмети со вкупно 30 кредити.
- Максималниот број на запишаните кредити може да изнесува најмногу 35 кредити.
- Минималниот број на запишаните кредити може да изнесува најмалку 21 кредити (исклучок се студентите во последен семестар, кои може да запишати и помалку од 21 кредит, бидејќи го имаат реализирано потребиот број кредити до дипломирање).
- При запишувањето на семестарот студентот првин ги запишува неположените задолжителни и изборни предмети од претходниот летен семестар, потоа задолжителните предмети од тековниот семестар и на крај изборните предмети од тековниот семестар.
- Изборните наставни предмети студентите ги избираат од листата на изборни наставни предмети на дадената студиска програма.
- Задолжително во Одделението за студентски прашања да се достави печатена верзија на листата со избрани предмети.
- Студентите ќе може да посетуваат настава само на предметите што им се одобрени, во паралелката и кај предметниот наставник според распределбата направена од деканатот на факултетот.
- Согласно член 23 од Правилата за студирање на прв и втор циклус студии на УКИМ (Универзитетски гласник бр. 417 од 29.1.2019 год.), студент запишан во квота со партиципација на студиите, преминува во квота со школарина/кофинансирање на студиите, ако :
- запише предмет по трет пат
- не положил најмалку 50% од запишаните кредити во одреден семестар до почетокот на наредниот соодветен семестар (зимски, односно летен).
- Студентите кои ќе сакаат да запишат поголем број кредити од 35 бараат одобрување (писмено, преку архивата на Факултетот) од продеканот за настава. Услови за запишување на повеќе од 35 кредити се: положени предмети и освоени сите кредити од сите претходно запишани предмети и просечна оцена најмалку 8,5 од положените предмети.
- Молба за промена на веќе избран изборен предмет, студентите можат да поднесуваат најкасно до 27.2.2020 година, односно непосредно по почетокот на летниот семестар со надомест од 1.000,00 денари.
Потребни документи за студенти кои се во завршен – последен семестар од студии
- Индекс
- Образец А4 за заверка на семестар (доколку се слушани предмети во зимскиот семестар)
- Образец А3 за запишување семестар
- Интерен пријавен лист (дипломскиот труд се запишува/презапишува како задолжителен предмет со преостанатите предмети)
- Пријава за дипломски труд (во четири примерока, претходно заверена во архивата на факултетот и уплата за адмнистративна такса од 50,00 ден.)
- Уплата за партиципација на факултетската жиро сметка (партиципација или школарина/кофинансирање) или, студенти кои го имаат пријавено дипломскиот труд во претходниот зимски семестар, плаќаат само 1000,00 ден., административни трошоци за упис на празен семесар
- Уплата за три кредити за валоризација на кредитите од студентската пракса (се плаќаат на одделна уплатница)
- Анкета (ако се слушани предмети во зимскиот семестар)
Дипломскиот труд задолжително се пријавува доколку студентот освоил 200 кредити по сите основи (положени испити, извршена студентска пракса, реализирани семинари/курсеви) и ги има ислушано/заверено задолжителните предмети од претходниот зимски/летен семестар.
Студентот пополнува пријава за дипломски труд во четири примерока. Потпишаната и пополнета пријава од страна на студентот и менторот, студентот ја заверува во студентската архива и ја доставува во Службата за студентски прашања. При електронското пријавување, студентот го запишува и дипломскиот труд на начин како што запишува предмет и при тоа уплаќа средства за 8 кредита колку што носи дипломскиот труд. Крајниот рок за достава на пријавата за дипломски труд е до 12.3.2020 година и тогаш сѐ смета дека, студентот комплетно го реализирал уписот на летен семестар, и ќе може да го подигне индексот.
Доколку запишаниот дипломскиот труд во овој семестар, не биде одбранет до уписот на следниот летен семестар во учебната 2020/2021 година истиот се презапишува, со можност на промена на ментор и тема. Дипломскиот труд се брани откако студентот освои најмалку 232 кредити, односно ги положи сите задолжителни и изборни предмети. Препорачаниот рок за одбрана на дипломскиот труд е три месеци од положувањето на последниот испит (не се смета 1 месец во текот на летото, поради годишни одмори).
Кај еден ментор максималниот број на студенти кои можат да пријават дипломски труд е 10 студенти (сметан период од 1.10.2019 до 30.9.2020 година), а со посебно барање до продеканот, може да биде зголемен до 15 студенти.
- Студентите кои имаат пријавено дипломски труд во претходниот летен семестар и ги положиле сите испити од студиската програма, должни се да го одбранат дипломскиот труд до 15.2.2020 година.
- Студентите кои го запишале дипломскиот труд во претходниот летен семестар и истиот нема да го одбранат до 15.2.2020 година, ќе треба повторно да го презапишат/пријават дипломскиот труд при што повторно уплаќаат 8 кредити.
- Студентите кои пријавиле дипломски труд во зимскиот семестар и истиот нема да го одбранат до 15.2.2020 година, а ги имаат положено сите испити, должни се да запишат летен семестар при што доставуваат: индекс, образец А4 за заверка на зимскиот семестар, анкета, образец А3 за упис на празен семестар и треба да приложат уплатница од 1.000,00 денари за административни трошоци на жиро сметка на Факултетот.
Скопје, 23.1.2020 година
Одделение за студентски прашања на ФЕИТ