С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање дополнителна ден сесија

Објавено: јануари 30, 2020

Согласно академскиот календар за учебната 2019/2020 година, дополнителната ден сесија за предметите од летниот/парен семестар ќе се одржи на 7.2.2020 година (петок).

Студентите можат да пријават само еден предмет кој го слушале во летниот семестар во учебната 2018/2019 и за истиот да ги имаат реализирано академските обврски (потпис и заверен семестар).

Пријавувањето на испитот за дополнителната ден сесија, студентите можат да го реализираат на 5.2.2020 година (среда) на шалтерите од Одделението за студентски прашања од 12:30 до 14:30 часот со доставување: индекс, пријава за испит и уплатница од 1.200,00 денари на факултетската жиро сметка, со цел на дознака – дополнителна ден сесија.

 

Скопје, 30.1.2020 година

Одделение за студентски прашања на ФЕИТ