Моделирање и симулација во електроника

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Моделирање и симулација во електроника

2.    Код

3ФЕИТ05Л027

3.    Студиска програма

КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

II/4

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Катерина Ралева

9.    Предуслов за запишување на предметот

10.   Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со алатката за симулација на електрични кола SPICE (OrCAD програмски пакет). Запознавање со вградените модели на полупроводничките елементи во SPICE. Ги разбира параметрите на SPICE моделите и како тие се поврзани со физичките параметри. Оспособен за користење на OrCAD за дизајн на електронски кола и за решавање на задачи од електроника.

11.   Содржина на програмата: Програми за симулација на електрични кола. Вовед во SPICE – наредби и типови на анализа. Преглед на вградените модели на диода, биполарен транзистор и униполарни транзистори (MOSFET, JFET) во SPICE. Моделирање на зенер диода. Симулација на струјно-напонски карактеристики на полупроводничките елементи. Модели на биполарни и униполарни транзистори за мали и големи сигнали и избор на модел според типот на анализа.  Одредување на напонско и струјно засилување, влезна и излезна отпорност на засилувачи со помош на SPICE.  Фреквенциска анализа. Симулација на MOS засилувачи во интегрирана технологија. Модели на операциски засилувач (ОЗ). Симулација на линеарни и импулсни кола со ОЗ. Засилувачи со повратна врска и анализа на стабилност со помош на SPICE. Симулација на електрични кола со помош на Schematics. Анализа на биполарни и MOS дигитални кола со симулација во SPICE. Симулација на комбинациона и секвенцијална логика.

12.    Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, проектни задачи.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

10

16.2. Самостојни задачи

15

16.3. Домашно учење

70

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

20

17.2. Семинарска работа/проект

10

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

60

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Следење на предавањата и аудиториските вежби и успешно изведени лабораториски вежби.

20.  Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути),тестови и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити и тестовите, поените од домашните задачи и поените од лабораториските вежби.
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 180 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит и тестовите, поените од домашните задачи и поените од лабораториските вежби.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред

21.   Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.   Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети.

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Gordon W. Roberts, Adel S. Sedra SPICE (2nd edition) Oxford University Press 1997

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

M.H. Rashid Introduction to PSpice using OrCAD for circuits and electronics Prentice Hall 2004