Обуката овозможува запознавање со основите за развој на Андроид апликации. Учесниците на обуката ќе се стекнат со теоретски и практични вештини од областа.
ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ
ТЕМА | Број на часови | Ден |
Андроид оперативен систем. Структура на Андроид апликација, JAVA околина, XML дизајн, ресурси. Андроид Студио развојна околина и дополнителни алатки. Дебагирање и тестирање на Андроид апликација. |
3 часа | Ден 1 |
Андроид активност. Животен циклус на активност и управување. Имплицитни и експлицитни намери. |
3 часа | Ден 2 |
XML базиран дизајн, елементи, погледи. Распореди, влезно/излезни елементи. Манипулација со податоците во JAVA околина. |
3 часа | Ден 3 |
Главно мени, мени со опции, јазичиња. Навигација помеѓу активности и апликации. Работа со листи и картички (ListView, RecyclerView, CardView). |
3 часа | Ден 4 |
Графика, Теми, Стилови. Материјал дизајн, бои, типографија, анимации. Адаптибилен и респонсивен дизајн. |
3 часа | Ден 5 |
Позадинско процесирање во Андроид апликација. Приемници на broadcast намери. Позадински сервиси. |
3 часа | Ден 6 |
Генерирање и управување со нотификации. Генерирање и управување со аларми. Закажување, распоредување и управување со задачи. |
3 часа | Ден 7 |
Работа со податоци во Андроид апликација. Управување со податоци преку делени преференции (Shared Preferences). Додавање и работа со контроли за кориснички поставувања. |
3 часа | Ден 8 |
Релациони бази на податоци. SQL синтакса, трансакции, курсори. Работа со локална SQLite база на податоци во Андроид апликација. |
3 часа | Ден 9 |
Работа со провајдери на содржина (content providers) и loader-и. Споредување на податоци со други апликации. Поврзување и работа со Firebase надворешна база на податоци. Поврзување и работа со REST API. |
3 часа | Ден 10 |
НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА
Начин на изведување: Обуката може да се изведува и online и со физичко присуство, со користење на ресурсите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.
Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група од 15-25 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.
Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 10 работни дена, распоредени во две недели. Во секој ден се предвидени 3 часа за разработување на секоја од предвидените теми во обуката. Проверката на стекнатото знаење ќе се изведе во текот на последниот ден. За целото времетраење на обуката, учесниците може да изведуваат самостојна работа.
Потребни предзнаења: Генерално, обуката е на основно ниво и не се потребни посебни предзнаења. Меѓутоа, пожелни се основни предзнаења за JAVA програмирање и XML јазикот.
Цел на обуката: обуката овозможува запознавање со основите за развој на Андроид апликации. Учесниците на обуката ќе се стекнат со теоретски и практични вештини од областа.
Самостојна работа и проверка на знаењето: За време на обуката, се предвидува и самостојна работа на учесниците. На крај на обуката, се предвидува проверка на знаењето на учесниците.
Сертификат: По успешно завршување на обуката, учесниците ќе добијат сертификат од ФЕИТ за посетување и успешно завршување на обуката.