Број на слушатели:
од 10 до 25 / термин
Обуката за основно познавање на компјутерско работење организиран од Факултетот за електротехника и информациски технологии им овозможува на слушателите стекнување со основно познавање за работа на компјутери и програми за канцелариско работење. Опфатени се сите аспекти за стекнување со дигитални вештини за компјутерско работење и основно познавање на најкористените алатки за канцелариско работење. Исто така особено внимание е посветено на компјутерската безбедност и обуката на корисниците за безбедно користење на алатките и безбедно постапување на Интернет. Сите концепти се поддржани со практични примери и соодветни вежби во Факултетските лаборатории.
Програмата на обуката е компатибилна со програмата за полагање ECDL модули (Основи на компјутерот, Основи за користење на интернет, Обработка на текст, Табеларни калкулации, Презентации). ФЕИТ е овластен тест центар за стекнување со ECDL сертификати. Со положување на овие модули се стекнувате со ECDL PROFILE СЕРТИФИКАТ. Полагање на петте ECDL модули е вклучено во цената на обуката. (*)
ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ
Ден 1
- Работа со персонален компјутер (2 часа)
- Компоненти на персонален компјутер
- Што е хардвер, а што софтвер?
- Работа со тастатура и глушец
- Работа со работната површина (Desktop), икони, врски
- Работа со прозорци на работната површина (минимизирање, максимизирање, затворање, поместување)
- Поим за датотеки и папки (именици)
- Креирање,бришење, преименување и префрлање на папки и датотеки
- Работа со архивирање на податоци (ZIP, RAR, 7z датотеки)
- Правење копиина податоци (back-up) на други медиуми и локации
|
Ден 1, Ден 2 и Ден 3
- Работа со текст (8 часа)
- Стартување на програма за работа со текст. Опис на основната лента со алатки
- Менување на фонтови, големина
- Задебелени, искосени и подвлечени букви
- Порамнување на текст
- Снимање и печатење на документи
- Отворање на постоечки документи
- Вметнување на заглавје и подножје во документ (header & footer)
- Вметнување н аброеви на страница (исклучена или вклучена прва страница во нумерирањето)
- Вметнување на симболи
- Работа со набројувања и потточки
- Користење bookmarks
- Вметнување и уредување на табели
- Вметнување и уредување на слики
- Работа со стилови на текст
- Вметнување на табела за содржина
- Вметнување и уредување на букви од Word Art
- Вметнување на фустноти
- Копирање на текст
|
Ден 4 и Ден 5, Ден 6
- Работа со табеларни пресметки (8 часа)
- Стартување на програма за работа со табеларни пресметки. Опис на основната лента со алатки.
- Големина на Excel датотека, како и ограничувања на Excel работен лист
- Селектирање на ќелии, редици и колони, и нивно форматирање
- Вметнување и бришење на редици и колони
- Вметнување, бришење и копирање на работен лист
- Вметнување на заглавје и подножје во документ (header & footer)
- Уредување на страници
- Автоматско пополнување на податоци
- Спојување на ќелии
- Форматирање на ќелии, уредување на тип на податок, порамнување, задавање на рамки и боја
- Формати за броеви, датум, време, валута, проценти
- Условно форматирање
- Користење нa функции: sum, max, min, average, count
- Креирање формули, пресметка на проценти како даноци и маржи
- Вметнување и уредување на букви од Word Art
- Вметнување на слика
- Вметнување на графикони, работа со разни типови на графикони, уредување и изменување на графикони
|
Ден 7 и Ден 8
- Работа со презентации (MS PowerPoint) (5 часа)
- Основи и концепти на презентирање
- Креирање презентација
- Пишување и форматирање на текст
- Работа со Layouts
- Организација на слајдови
- Користење на различни теми за презентација
- Користење на Master шаблони за презентација
- Додавање н аграфикони, пити, слики, видео
- Додавање на акции (движење)
- Активирање презентација и презентирање
|
Ден 8 и Ден 9
- Работа на Интернет и електронска комуникација (2 часа)
- Концепт и поим за мрежа
- Што е Интернет?
- Што е Веб прелистувач/пребарувач?
- Основни концепти за пребарување на Интернет. Клучни зборови.
- Работа со електронски пораки преку Веб пребарувач
◦ Креирање сопствен e-mail налог (yahoo, gmail…)
◦ Промена на заборавена лозинка за електронски налог (сметка)
- Складирање податоци на Интернет (во облак): Google Drive, Dropbox и сл.
◦ Поставување податоци. Преземање податоци. Праќање барање или дозвола за пристап до податокот
- Работа со Интернет календар и синхронизација со софтвер за календар
- Работа со апликации за Интернет комуникација. Инстант пораки и видеоповици (Skype).
|
Ден 9 и Ден 10
- Работа со електронска пошта (MS Outlook) (3 часа)
- Основни концепти и поими за електронска пошта: електронска порака, електронска адреса
- Работа со софтвер/апликација за електронски пораки
- Основни концепти за поставување сервери за праќање/примање електронска пошта
- Структура и елементи на електронска порака. Максимална големина на порака.
- Концепт на електронски адресар (Address Book) и негово користење
- Праќање и примање на електронска порака. Препраќање и одговор на електронска порака. Вметнување датотеки во електрнска порака (attachment).
- Организација на електронски пораки: папки, пребарување, сортирање
- Работа со календар, задачи и белешки
- Бришење на личната електронска пошта од апликација за пораки на даден компјутер
- Основни поими и концепти за безбедна работа на Интернет (2 часа)
- Концепт и поим за компјутерска безбедност
- Хардверска и софтверска заштита на уреди и податоци
- Препораки за формирање „силни“ лозинки
- Концепт за поимот заштитен ѕид(firewall). Основно користење.
- Концепт на компјутерски вируси
- Поим и заштита од злонамерен софтвер (malware). Вируси, црви (worms), тројански коњи (Trojan), шпионски софтвер (spyware)
- Софтвер за заштита од вируси – Антивирус софтвер. Редовно одржување и ажурирање. Проверка на компјутерот за можни инфекции.
- Ажурирање на апликациски софтвер и оперативен систем
- Поим и заштита од phishing.
|
* Предуслов за стекнување ECDL сертификати е да се поседува ECDL индекс кој се набавува независно од посетата на курсот.
** По стекнување со ECDL PROFILE СЕРТИФИКАТ, со дополнително положување уште на модулот Користење на база на податоци (не е опфатен во овој курс) може да се стекнете со ECDL STANDARD СЕРТИФИКАТ.
НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА
Начин на изведување: Обуката може да се изведува и online и со физичко присуство, со користење на ресурсите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.
Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група 10-25 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.
Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 10 работни дена (термини), распоредени во три недели. Во секој термин се предвидени по 3 часа за секоја од предвидените теми во обуката. За целото времетраење на обуката, учесниците може да изведуваат самостојна работа.
Потребни предзнаења: Генерално, обуката е на основно ниво и не се потребни посебни предзнаења.
Цел на обуката: Курсот за основно познавање на компјутерско работење организиран од Факултетот за електротехника и информациски технологии им овозможува на слушателите стекнување со основно познавање за работа на компјутери и програми за канцелариско работење. Опфатени се сите аспекти за стекнување со дигитални вештини за компјутерско работење и основно познавање на најкористените алатки за канцелариско работење. Исто така особено внимание е посветено на компјутерската безбедност и обуката на корисниците за безбедно користење на алатките и безбедно постапување на Интернет. Сите концепти се поддржани со практични примери и соодветни вежби во Факултетските лаборатории.
Самостојна работа и проверка на знаењето: За време на обуката, се предвидува и самостојна работа на учесниците. На крај на обуката, се предвидува проверка на знаењето на учесниците.
Сертификат: По успешно завршување на обуката, учесниците ќе добијат сертификат од ФЕИТ за посетување и успешно завршување на обуката, но и можност да полагаат ECDL модули за интернационални ECDL сертификати.
(*) Курсот е компатибилен со програмата за полагање на ЕCDL модулите: Основи на компјутерот, Основи за користење на интернет, Обработка на текст, Табеларни калкулации, Презентации, со кои може да се стекне соодветен ECDL СЕРТИФИКАТ според ECDL програмата за сертификација.