Почитувани,
Ни претставува особено задоволство да ве информираме дека рокот за доставување на апстракт и труд за осмата студентска конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“ – СКЕЕОР 2020 е продолжен. Рокот за поднесување на апстракт е до 15.10.2020, а за труд до 01.11.2020 година.
Ги охрабруваме сите студенти на додипломски и постдипломски студии да ја искористата шансата и да се пријават на овогодинешната конференција која ќе се одржи on-line, користејќи ја платформата за видео комуникација – ZOOM во период од 9.12.2020 до 12.12.2020 година.
Ве очекуваме!
Со почит,
Организациски одбор -СКЕЕОР