Заради почитување на здравствените протоколи, сите магистрирани и дипломирани студенти на ФЕИТ во периодот од април 2019, до јуни 2020 година, задолжително треба да закажат термин во кој ќе можат да ја подигнат својата диплома.
За таа цел, на порталот е-Курсеви, преку Виртуелни училници, во курсот Студентска служба/Закaжување термин за подигање дипломи, креирана е активност Закажување термин. Со нејзиното активирање, на кандидатот му се овозможува да избере термин помеѓу 11 и 14 часот, секој работен ден од 11.11.2020 до 11.12.2020 година.
До активноста Закажување термин може да се пристапи и преку следниов линк:
https://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk/mod/scheduler/view.php?id=13997
Kандидатите кои немаат кориснички профил на порталот е-Курсеви, на својот е-mail ќе добијат упатство за најавување.
Дипломата и додатокот на диплома се подигаат во закажаниот термин во читалната на ФЕИТ. Секој кандидат мора да носи документ за идентификација.
Доколку дипломата ја подига друго лице, задолжително е да се испрати полномошно на е-mail marijana@feit.ukim.edu.mk во кој ќе се наведе името, презимето и бројот на лична карта на лицето кое ќе ја подигне дипломата во ваше име.
При подигање на дипломата, треба да се избегнува создавање турканици и непотребно задржување во просториите на Факултетот и задолжително мора да се почитуваат мерките и препораки за заштита и превенција од COVID-19:
- Во просториите на Факултетот е задолжително носењето заштитна опрема (маска, марама) која ги покрива устата и носот.
- При влез и излез од објектот задолжително се врши дезинфекција на рацете.
- Пoтребно е одржување на потребното растојание меѓу кандидатите од минимум 2 метри, во дворот и во објектот на ФЕИТ.
Во случај на технички проблеми поврзани со закажувањето термин, обратете се на следниов e-mail: e-admin@feit.ukim.edu.mk.