Појавата и континуалниот раст на безжичните локални мрежи се поттикнати од потребата за намалување на трошоците на мрежната инфраструктура и за поддршка на мобилни мрежни апликации кои нудат добивка во ефикасноста на процесите и заштеда во работењето. Целта на овој курс е да обезбеди базични теоретски познавања на WLAN, како и понапредни практични аспекти на дизајн, сигурност, тестирање и справување со проблемите кај WLAN. Со завршување на курсот на кандидатот му се овозможува да започне успешна кариера како администратор на безжични локални мрежи. Курсот може да послужи и како подготовка за полaгање на испит за добивање на Certified Wireless Network Administrator (CWNA) сертификат, кој е сертификат доделен од Certified Wireless Network Professional (CWNP) за администрација на WLAN. Во продолжение е дадена програмата на курсот заедно со предвидениот број на часови.
ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ
Курс: Безжични локални мрежи (WLAN) – RF основи, стандарди, уреди, протоколи, мрежна архитектура, дизајн, сигурност, тестирање и справување со проблеми
- Вовед во безжични телекомуникациски системи (1 час)
- Значење на безжичните телекомуникациски системи и нивни предности и недостатоци
- Типови на безжични телекомуникациски системи: сателитски, радиодифузни, фиксни, мобилни, глобален систем за позиционирање (GPS).
- Мобилни целуларни безжични системи (2G, 3G, 4G, 5G)
- Безжични локални мрежи (WLAN)
- Безжични персонални мрежи (WPAN)
- Стандардизациски организации и регулаторни агенции
- RF основи (3 часа)
- Бранова должина, фреквенција, простирање на радио бранови, рефлексија, рефракција, дифракција, скетеринг, мултипат, засилување, слабеење
- Дефиниција на единиците ват и миливат, dB, dBm, dBi, однос сигнал шум, приемно ниво на сигнал
- Основни карактеристики на антени, ширина на зрак, азимут и елевација, активно и пасивно засилување, поларизација, бимформинг, МИМО, омнидирекциони и дирекциони антени, секторизирани антени и антенски полиња, поставување на антени, RF кабли, конектори и сплитери, засилувачи и атенуатори
- WLAN регулатива и стандарди (2 часа)
- Стандардизациски тела – IEEE, WiFi Аlliance, IETF
- WLAN стандарди – 11b, 802.11a, 802.11g, 802.11n, 802.11ac, 802.11ax, 802.11ad, 802.11aj, 802.11ay, 802.11af, 802.11ah.
- Модулација и кодирање, интерференција, канали и ширина на канали, трупут и брзина на пренос на податоци, ширина на опсег на каналите
- Фреквенциски опсези наменети за 802.11
- Расположливи канали, предавателна моќност
- Сценарија на користење на WLAN – WLAN, WPAN, bridging, Ad-hoc, Mesh
- WLAN инфраструктура и уреди (2 часа)
- 11 компоненти на сервисен сет – станица, основен сервисен сет (Basic Service Set – BSS), проширен сервисен сет (Extended Service Set – ESS), дистрибутивен систем, роаминг
- Инфраструктурни уреди – автономни АР, АР базирани на контролер, АP базирани во облак, дистрибуирани АР, Mesh АР и рутери, контролери, мостови, домашни рутери
- WLAN уреди и адаптери кај клиентот – USB адаптери, PCI, Mini-PCI, Mini-PCIe и Half Mini-PCIe картички, лаптопи, таблети и мобилни телефони, 11 VoIP рачни уреди, специјализирани уреди (рачни скенери, push-to-talk, IoT)
- WLAN протоколи (2 часа)
- Типови на рамки – формат на основна рамка, бикон рамка, рамка на автентикација, рамка на асоцијација, податочна рамка, ACK рамка
- Скенирање и конектирање на WLAN – скенирање, автентикација, асоцијација, селекција на BSS
- Рамки на MAC и на физичко ниво – MSDU, MPDU, PSDU, PPDU.
- Методи на пристап на канал кај WLAN – DCF, EDCA, Physical carrier sense, Virtual carrier sense
- Мрежна архитектура и дизајн на мрежа (4 часа)
- Идентификација на можни примени и дефинирање на решенија – корпоративен пристап, корпоративна мрежна екстензија, WLAN bridging, last mile data delivery, мала/домашна канцеларија (Small Office/Home Office – SOHO), мобилна канцеларија, едукативна употреба, индустрија, здравство, хотспотови, конференција/конвенција/арена/стадион и други инсталации во средини со голема густина на сообраќај, транспортни мрежи (возови, авиони, автомобили), мрежи на полиција
- Дефиниција и опис на мрежни архитектури базирани на контролер, на облак, дистрибуирани, и без контролер – data forwarding, контролна, управувачка и податочна рамнина, скалабилност и расположивост, типови на roaming handoff, тунелирање, квалитет на сервиси, виртуелен LAN
- Дефиниција и опис на мрежна архитектура со повеќе канали (MCA) и со еден канал (SCA) – BSS и ESS конфигурација, избор на канал, поставување на АР, истоканална и соседноканална интерференција, избор на големина на клетка (излезна моќност, избор на антена)
- Прилагодување на WLAN побарувањата со технолошките решенија – пренос на податоци, говор, видео, сервиси за локализација во реално време, мобилни уреди (таблети и паметни телефони), корисници со голема густина, хотспот, управување со радио ресурси (Radio Resource Management – RRM), управување со мобилни уреди (Mobile Device Management – MDM), контрола на мрежен пристап (Network Access Control – NAC)
- Основни поими од сигурност кај WLAN (2 часа)
- Идентификување на опции со слаба заштита кои не е пожелно да се користат за корпоративни мрежи – WEP, автентикација со споделен клуч, сокривање на SSID, филтрирање на MAC адреса, неправилно користење на WPA, Open System автентикација, Wi-Fi Protected Setup (WPS)
- Идентификување на ефективни сигурносни механизми за корпоративни WLAN – WPA2 (CCMP/AES), WPA2-Personal, WPA2-Enterprise, 1X/EAP, RADIUS сервери
- Сигурносни протоколи – HTTPS, SNMPv3, SSH2, VPN
- Тестирање на WLAN (2 часа)
- Побарувања при проектирање на мрежата – покриеност, капацитет, трупут, роаминг, доцнење, џитер, конективност, и споредба со резултати добиени со имплементација на мрежата
- Лоцирање и идентифицикација на извори на RF интерференција – од WLAN уреди (истоканална и соседноканална интерференција) и од не-WLAN уреди, решенија за справување со интерференцијата, спектрални анализатори
- Тестирање на перформансите – мрежна и сервисна достапност, VoIP тестирање, тестирање на апликации во реално време, тестирање на трупут, тестирање на товар
- Разбирање и користење на алатки за тестирање – тестери на трупут, софтвери за дизајн на безжични мрежи, протоколни анализатори, спектрални анализатори
- Основи на справување со проблеми (troubleshooting) кај WLAN (2 часa)
- Идентификација на проблемот, откривање на причините и понуда на решение
- Протоколни анализатори, спектрални анализатори, централизирани конзоли за управување, решенија за мониторинг
- Идентификација и справување со проблеми со трупут, интерференција, покривање, скриени јазли, напојување
- Справување со вообичаени проблеми со конективност – непостоење на сигнал/слаб сигнал, несоодветна АР/клиент конфигурација, проблеми со драјвери/фирмвер, DHCP проблеми
Временски распоред на темите:
Тема | Часови | Ден |
1 | 1 | 1 |
2 | 3 | 1 |
3 | 2 | 2 |
4 | 2 | 2 |
5 | 2 | 3 |
6 | 4 | 3/4 |
7 | 2 | 4 |
8 | 2 | 5 |
9 | 2 | 5 |
НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА
Курс: Безжични локални мрежи (WLAN) – RF основи, стандарди, уреди, протоколи, мрежна архитектура, дизајн, сигурност, тестирање и справување со проблеми
Наставата ќе се изведува Online или со физичко присуство. Курсот ќе се изведува кога ќе се формира група на заинтересирани учесници во задоволителен број. Курсот ќе се изведува во времетраење од 5 дена по 4 часови, или вкупно 20 часа. Доколку постои интерес, курсот ќе се изведува повеќе пати во текот на семестарот (на пример, еднаш месечно).
Тестирањето ќе се состои од проверка на знаењето со тестирање од теоретскиот дел и практичен дел со решавање на практичен проблем на дизајн, тестирање и менаџирање на мрежата.
По успешно завршување на курсот, учесниците добиваат сертификат за познавање на безжични локални мрежи, кој го доделува Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Со завршување на овој курс кандидатот се здобива со познавање на основите на RF поведението и карактеристиките и функциите на WLAN компонентите, аспектите на инсталација, конфигурирање и тестирање на WLAN хардвер и протоколи во услови на имплементација кај мали бизниси и корпорации. На тој начин кандидатот се оспособува да конкурира за работното место администратор/специјалист за безжични локални мрежи.
Курсот може да послужи како подготовка за полaгање на испит за добивање на Certified Wireless Network Administrator (CWNA) сертификат, кој е сертификат доделен од Certified Wireless Network Professional (CWNP) за администрација на WLAN. Постојат уште неколку други понапредни сертификати кои се издаваат од CWNP за кои овој курс е корисен, како Certified Wireless Design Professional (CWDP), Certified Wireless Analysis Professional (CWAP) и Certified Wireless Network Expert (CWNE). Кус опис на овие цертификати, како и други кои се издаваат од CWDP се достапни овде: