Комуникациски вештини во дигиталната ера

Последна измена: јули 20, 2020
Можни сертификати:
Број на слушатели:
30 / термин
Цена:

 

За успешна професионална работа од било која област, и било каде, младите стручни кадри треба да владеат соодветни основни и напредни комуникациски вештини прилагодени на новите дигитални колаборативни платформи и работни алатки надградени на традиционалните методи, кои се користат со децении. На тој начин, иноваторите во бизнис заедницата креираат култура која негува пристап на дигиталниот развој со дигитални продуктивни алатки и флексибилни комуникациски практики со агилен пристап – кон нови можности за поефективна работа, трошковно-ефикасна комуникација и деловност во новата дигитална ера.

  1. Општо за комуникациски вештини во дигитална ера/Communication skills in digital era
  2. Можности на дигитална комуникација –побрзо и трошковноефикасно /Communicate faster and more cost-effectively
  3. Дигитална комуникација и трансформација на индустриски гранки/ Digital Communications in transforming several industries
  4. Можности и придобивки од дигитална комуникација/ Access to more and faster information
  5. Собирање податоци и нивна интерпретација/Data gathering and interpretation
  6. Вреднување на дигиталната комуникација /The Value of Digital Communication
  7. Модерни комуникациски алатки за дигитална комуникација/ Modern Digital Communication Tools
  8. Поголем избор на деловна комуникација/More choices for business communication
  9. Можности за различни комуникациски стилови/Digital communication with different styles
  10. Kомуникациски вештини во дигитална работна околина/ Communication skills in digital environment
  11. Пишување коресподенција и документација/Writing – correspondence and documentation
  12. Состаноци и конференции/Digital Meetings and Conferences
  13. Однос кон клиенти и соработници/Customer Relationship Management
  14. Платформи за социјална и деловна комуникација/Social and Business Media Platforms
  15. Ефективна комуникација на дистрибуирани проектни тимови/Effective Communication for Distributed Workforces
  16. Презентациски вештини/ Presentation skills
  17. Вербална и невербална комуникација/ Verbal and non-verbal communication
  18. Преговарање и договарање/ Negotiations and Contracting

Време: Обуката би се изведувала концентрирано во  6 дена по 4 часа + тестирање 2 часа,   вкупно 26 часа, секој месец  од Август до Декември.

НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА 

  • Обуката ќе се изведува on-line преку софтверски платформи организирани од ФЕИТ/УКИМ, детални информации ќе може да се најдат на web страната на Факултетот/ курсот.
  • Обуката би се изведувала концентрирано во 6 дена/по циклус, по 4 часа/дневно + тестирање 2 часа, вкупно 26 часа, во периодот од Август до Декември.
  • Предвидено е тестирање и евалуација знаењето на кандидатите со цел добивање на „Сертификат за успешно завршена обука по Комуникациски вештини во дигитална ера
  • Целна група се сите заинтересирани физички лица за стекнување нови вештини на успешна комуникација во професионалното работење во новата дигитална ера.