МАТЕРИЈАЛИ
Задачи
ЛАБ ВЕЖБИ
Елаборат 3
ПРОГРАМА Code@FEIT 2019:
Ден | Час 1 – 12:00 | Час 2 – 13:00 | Час 3 – 14:00 | Час 4 – 15:00 | Цел | |
Понеделник | 23.09 | – Отворање – Воведно предавање -Предавање Институт КТИ |
Запознавање со Јава
– Типови податоци |
– Влез и излез – Прва програма во Јава- Аритметички оператори и операции |
– Разлики кај делење – Релациони оператори – Логички оператори |
Запознавање со Java како програмски јазик; Вовед во основните концепти на програмирањето Типови податоци, константи и променливи Запознавање со оператори и операции |
Вторник | 24.09 | – if-else структура за избор – switch структура – Функции/методи – вовед |
– Функции/методи со return – Примери на посложени функции |
Практични вежби
|
Практични вежби во лабораторија | Запознавање со структурите за избор и концепт на функции/методи |
Среда | 25.09 | – while структура | – for структура | Практични вежби | Практични вежби во лабораторија | Запознавање со структури за повторување и подетална работа со функции |
Четврток | 26.09 | – Низи | – Решавање проблеми со низи |
Практични вежби |
Практични вежби во лабораторија | Запознавање со низите како податочни структури; Алгоритми за сортирање |
Петок | 27.09 | – Сортирање како реален пример за работа со низи | – Повторување – Решавање реални проблеми |
Практични вежби во лабораторија |
ТЕСТ | Користење на научениот материјал за решавање на практични проблеми |
Информации за курсот Code@FEIT 2019
Code@FEIT 2019 е курс со тема за вовед во програмирање наменет првенствено за идните студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) без претходно програмерско искуство, како и за сегашни студенти на ФЕИТ кои сметаат дека би имале корист од посетување на курсот, но исто така и за сите оние кои би сакале да се запознаат со основите на програмирањето.
Во пет работни денови со четири часа активности, слушателите на курсот ќе имаат можност да се запознаат со основите на програмирањето и дизајнирањето на алгоритми. Во текот на предавањата, преку интерактивна настава слушателите ќе се здобијат со почетни и практични знаења од областа на програмирањето и преточувањето на проблемите во алгоритми, а потоа во програмски код.
Целта на Code@FEIT е да покаже нов пристап кон програмирањето и да ги мотивира младите да учат да програмираат и да креираат софтверски апликации. Курсот покрај за тековните и идните студенти на ФЕИТ, ќе биде отворен за други заинтересирани без разлика на старост, претходни познавања и професионална определба, секако со одредено ограничување на бројот на слободни места.
Code@FEIT е организиран од Институтот за Компјутерски технологии и инженерство (КТИ) во соработка со Факултетската лабораторија ФЛАОП, во чии лаборатории ќе се одвива практичниот дел од курсот. Наставата целосно ќе биде покриена од наставниот и соработнички кадар на Институтот КТИ.
ОДГОВОРИ НА НЕКОЛКУ ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА ЗА Code@FEIT:
- Кога и каде се одржува Code@FEIT? – Курсот ќе се одвива во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје, секој работен ден почнувајќи од 23-ти Септември 2019 до 27-ти Септември 2019 година. Распоредот на термини за часовите ќе биде објавен погоре.
- Колку чини посетувањето на курсот? – Курсот ќе чини 1000 денари за идни (примени и пријавени кандидати при уписите) и тековни студенти на ФЕИТ, односно 2000 ден за сите останати надворешни слушатели.
- Дали може да се пријавам ако не сум сегашен или иден студент на ФЕИТ? – Code@FEIT е отворен за сите заинтересирани. За жал, бројот на слушатели е ограничен, па во случај на преголема заинтересираност предност ќе се даде на идните и сегашни студенти на ФЕИТ.
- Кој програмски јазик ќе се користи? – Согласно со програмата за изучување на принципите на програмирање на ФЕИТ, ќе се предава во програмскиот јазик JAVA. Сепак, фокусот ќе биде поставен повеќе на дизајнот и имплементацијата на алгоритамот, отколку синтаксата на јазикот, така што и студенти со претходни познавања на кој било програмски јазик се добредојдени и едноставно ќе се вклопат во програмата на курсот.
- Како да се пријавам? – Пратете e-mail на codeatfeit@feit.ukim.edu.mk со наведување на вашето име и презиме. Доколку сте сегашен студент на ФЕИТ наведете го и вашиот индекс. Доколку, пак, сте иден студент на ФЕИТ (и се уште не сте го добиле вашиот Индекс), наведете го и вашиот број за идентификација од пополнетата електронска пријава во системот iknow на УКИМ. По составување на конечната листа на слушатели на курсот, сите пријавени ќе бидат известени по e-mail за евентуалното ограничување на слободни места.
- До кога може да се пријавам? – Пријавувањето е отворено заклучно со Четврток (20.09.2019).
- Кога ќе знам дали ќе може да го следам курсот? – Списокот на пријавените кандидати кои ќе може да го слушаат курсот ќе биде објавен на 21.09.2019 (Сабота).
- Како да извршам уплата за курсот? – Уплатата може да се изврши во банка/пошта/електронски според урнекот на уплатница прикажан подолу (секако годината 2014 се заменува со 2019 ).