Сертификати: ECDL и ФЕИТ
Број на слушатели: од 5 до 20 по термин
Предавачи: наставно-научен и стручен кадар од ФЕИТ
Цена: 9000 денари на две рати.
Пријавување на е-маил: cdu@feit.ukim.edu.mk
Обуката за аналитика на податоци организирана од Центарот за доживотно учење при ФЕИТ им овозможува на слушателите стекнување на основните знаења и вештини кои се однесуваат на концептите за анализа на податоци, статистичка анализа, подготовка на збирки податоци, сумирање на збирки податоци и визуелизација на податоци.
Предавањата се со практични примери и вежби. На крај се прави рекапитулација преку задачи со што се повторува и утврдува поминатиот материјал. Потоа следи полагање на модулот по стандардизирани ECDL тестови. Кандидатите кои успешно ќе го положат испитот се здобиваат со ECDL сертификат кој има доживотна и меѓународна важност и со сертификат од ФЕИТ.
ПРОГРАМА ЗА ОБУКАТА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ
Обуката ќе се одвива во 5 термини (2 термина неделно, по 3 часа на термин). Последниот термин ке биде со практична тест задача преку која ќе се направи конкретна рекапитулација на материјал. При тоа ќе се поминат следниве теми:
| ТЕМА | ТЕРМИН | ДАТА | 
| 1.Поим и статистичка анализа | 1 | |
| – Клучни концепти | ||
| – Статистичка анализа | ||
| 2.Подготовка на сет на податоци | 2 | |
| – Внесување, обликување | ||
| -Филтрирање | ||
| 3.Сумирање на збир на податоци | 3 | |
| – Агреграција на податоци од стожерна табела | ||
| – Анализа на френкфенција на стожерна табела | ||
| – Филтрирање на стожерна табела | ||
| – Користење на стожерни графикони | ||
| 4.Визуелизација на податоци | 4 | |
| -Концепти и поставување | ||
| – Визуелизација | ||
| – Објавување и споделување | ||
| 5.Рекапитулација | 5 | |
| -Утврдување на материјалот преку задачи и подготовка за тест | 
ДЕТАЛИ ЗА ОБУКАТА
Начин на изведување: Обуката ќе се изведува по договор со слушателите (или во живо во компјутерска лаболаторија 322а на ФЕИТ или online)
Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група од 5 до 20 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.
Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 5 работни дена (термини), распоредени во 5 работни недели. Во секој термин се предвидени по 3 часа, а во тек на неделата ќе има 2 термина. За целото времетраење на обуката, слушателите ќе изведуваат самостојна работа.
Потребни предзнаења: Основно познавање од работа со компјутери и програми за табеларни пресметки.
Цел на обуката: Обуката за аналитика на податоци овозможува да се:
- 
Ги разберат клучните концепти кои се однесуваат на примената на аналитика на податоци во бизнисот. 
- 
Разбират и примена на клучните концепти за статистичка анализа. 
- 
Внесат податоци во табела и да ги подготват за анализа користејќи техники за чистење и филтрирање податоци. 
- 
Сумираат множества на податоци користејќи стожерни (Pivot) табели и стожерни графикони. 
- 
Разбират и примена на техники и алатки за визуелизација на податоци. 
- 
Креираат и споделуваат извештаи и контролни табли во алатка за визуелизација на податоци. 
Самостојна работа и проверка на знаењето: Целиот материјал кој ќе се помине е поддржан со практични примери и соодветни вежби во факултетската компјутерска лаболаторија. Последниот термин е предвиден за рекапитулација на материјалот преку практична задача. На крај од обуката, се полага ECDL лиценциран тест за проверка на знаењето на учесниците.
Сертификат: По успешно завршување на обуката и положување на тестот, учесниците ќе добијат интернационален ECDL сертификат и сертификат од ФЕИТ.
Пријавување на е-маил: cdu@feit.ukim.edu.mk
 
			
