Обука за финансиски табели

Објавено: февруари 27, 2023

Сертификати: ECDL и ФЕИТ

Предавачи: наставно-научен и стручен кадар од ФЕИТ

Промотивна Цена: 9000 денари на две рати.

Пријавување: cdu@feit.ukim.edu.mk

Обуката за финансиски табели организирана од Центарот за доживотно учење при ФЕИТ им овозможува на слушателите стекнување на напредни вештини кои можат да се користат во можат да се користат во финансиите и сметководството за да се изготват софистицирани извештаи, да се вршат сложени математички и статистички пресметки и да се подобри продуктивноста со помош на апликација за табеларни пресметки.

Предавањата се со практични примери и вежби. На крај се прави рекапитулација преку задачи со што се повторува и утврдува поминатиот материјал. Потоа следи полагање на модулот по стандардизирани ECDL тестови. Кандидатите кои успешно ќе го положат испитот се здобиваат со ECDL сертификат кој има доживотна и меѓународна важност и со сертификат од ФЕИТ.

ПРОГРАМА ЗА ОБУКАТА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ

Обуката ќе се одвива во 8 термини (2 термина неделно, по 3 часа на термин). Последниот термин ке биде со практична тест задача преку која ќе се направи конкретна рекапитулација на материјал. При тоа ќе се поминат следниве теми:

ТЕМА

ТЕРМИН

ДАТА

1.Форматирање

1

– Ќелии

– Работни листови

2.Формули и функции

2

– Користење на формули и функции

3.Графикони

3

– Креирање графикони

– Форматирање графикони

4.Анализи

4

-Користење табели

Сортирање и филтрирање

Сценарија

5.Валидирање и ревизија

5

Валидирање

Ревизија

6.Зголемување на продуктивност

6

Именување на келии

Залепување

Поврзување, вградување и внесување

7.Колаборативно уредување

7

Преглед и безбедност

8.Рекапитулација

8

-Утврдување на материјалот преку задачи и подготовка за тест

ДЕТАЛИ ЗА ОБУКАТА

Број на слушатели: од 5 до 20 по термин

Начин на изведување: Обуката ќе се изведува по договор со слушателите (или во живо во компјутерска лаболаторија 322а на ФЕИТ или online)

Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група од 5 до 20 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.

Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 8 работни дена (термини), распоредени во 4 работни недели. Во секој термин се предвидени по 3 часа, а во тек на неделата ќе има 2 термина. За целото времетраење на обуката, слушателите ќе изведуваат самостојна работа.

Потребни предзнаења: Основно познавање од работа со компјутери и програми за табеларни пресметки.

Цел на обуката: Обуката за финансиски табели овозможува да се:

  • Применат напредни опции за форматирање како што се условно форматирање и приспособено форматирање на броеви и ракуваат со работни листови.

  • Користат функции како што се оние поврзани со логички, статистички, финансиски и математички операции.

  • Креираат графикони и применат напредно форматирање на графикони.

  • Работат со табели и списоци за да ги анализираат, филтрираат и сортираат податоците. Креираат и користете сценарија.

  • Потврдат и да ги ревидираат податоците од табеларни пресметки.

  • Ја зголемат продуктивноста со работа со именувани опсези на ќелии.

  • Користат поврзување, вградување и внесување на функции за да интегрираат податоци.

  • Споредат и спојуваат табели.

  • Применат безбедносни карактеристики на табеларни пресметки.

Самостојна работа и проверка на знаењето: Целиот материјал кој ќе се помине е поддржан со практични примери и соодветни вежби во факултетската компјутерска лаболаторија. Последниот термин е предвиден за рекапитулација на материјалот преку практична задача. На крај од обуката, се полага ECDL лиценциран тест за проверка на знаењето на учесниците.

Сертификат: По успешно завршување на обуката и положување на тестот, учесниците ќе добијат интернационален ECDL сертификат и сертификат од ФЕИТ.

Пријавување на е-маил: cdu@feit.ukim.edu.mk