Развој на клиентски веб апликации

Објавено: јули 3, 2020
Можни сертификати:
Број на слушатели:
од 15 до 25 / термин
Цена:

 

Обуката овозможува запознавање со основите за развој на клиентски веб апликации. Учесниците на обуката ќе се стекнат со теоретски и практични вештини од областа.

Програмата на обуката е компатибилна со испитите од Микрософт: Exam 98-375 (HTML5 Application Development Fundamentals), Exam 98-383 (Introduction to Programming using HTML and CSS) и Exam 98-382 (Introduction to Programming using JavaScript) во рамките на Microsoft Technology Associate (MTA) програмата за сертификација, а кои може да се полагаат во некој од овластените Центри за полагање во Р.С. Македонија.

https://certiport.pearsonvue.com/Certifications/Microsoft/MTA/Certify
https://certiport.pearsonvue.com/Educator-resources/Exam-details/Objective-domains?ot=collapseMTA

 

ПРОГРАМА ЗА ОБУКА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ

ТЕМА Број на часови Ден
  1. Основи на HTML

Елементи за структурирање на страница.

Елементи за оформување на содржина на страница.

Работа со форми – структура, елементи и атрибути.

3 часа Ден 1
  1. Дополнителни елементи во HTML

Линкови, внатрешно поврзување на елементи.

Креирање графички елементи.

Мултимедиски HTML елементи.

3 часа Ден 2
  1. Основи на CSS

CSS селектори, воведување на CSS стил во страница.

Модел на кутија – обвивка, граница и маргина.

Позиционирање на елементи, уредување текст, фонт, димензии.

3 часа Ден 3
  1. Напредни можности на CSS

Менија, галерии.

Адаптивен дизајн, CSS media, CSS Flexbox, CSS grid.

3 часа Ден 4
  1. Основи на JavaScript програмирање

JavaScript програмски јазик, синтакса.

Променливи, податочни типови, оператори.

Контрола на тек и функции.

3 часа Ден 5
  1. JavaScript напредни елементи

Објекти, својства и методи.

Креирање на објекти и наследување.

Вградени објекти: Number, String, Array, Date, Math, Boolean.

3 часа Ден 6
  1. Document Object Model

Document Object Model (DOM) на HTML страна.

Структура на DOM и хиерархија.

Вградени објекти: прозорец, документ, форми.

3 часа Ден 7
  1. DOM и JavaScript

Пристап и манипулација со DOM елементи.

Менување на HTML и CSS својства преку JavaScript.

Управување со настани и анимации.

3 часа Ден 8
  1. JQuery

JQuery синтакса (vs. plain Javascript).

Селектори, изминување на DOM, филтрирање.

Ефекти, настани, манипулација со HTML и CSS.

3 часа Ден 9
  1. JQuery и REST API

Концепт на REST API и функционалности.

Користење на AJAX со JQuery.

Размена на JSON, XML објекти.

3 часа Ден 10


НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА 

Начин на изведување: Обуката може да се изведува и online и со физичко присуство, со користење на ресурсите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група од 15-25 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.

Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 10 работни дена, распоредени во две недели. Во секој ден се предвидени 3 часа за разработување на секоја од предвидените теми во обуката. Проверката на стекнатото знаење ќе се изведе во текот на последниот ден. За целото времетраење на обуката, учесниците може да изведуваат самостојна работа.

Потребни предзнаења: Генерално, обуката е на основно ниво и не се потребни посебни предзнаења. Меѓутоа, пожелни се основни предзнаења за програмирање.

Цел на обуката: обуката овозможува запознавање со основите за развој на клиентски веб апликации. Учесниците на обуката ќе се стекнат со теоретски и практични вештини од областа.

Самостојна работа и проверка на знаењето: За време на обуката, се предвидува и самостојна работа на учесниците. На крај на обуката, се предвидува проверка на знаењето на учесниците.

Сертификат: По успешно завршување на обуката, учесниците ќе добијат сертификат од ФЕИТ за посетување и успешно завршување на обуката.

(**) Обуката е компатибилна со програмата за полагање на испитите Exam 98-375 (HTML5 Application Development Fundamentals), Exam 98-383 (Introduction to Programming using HTML and CSS) и Exam 98-382 (Introduction to Programming using JavaScript) од Microsoft Technology Associate (MTA) програмата за сертификација. Полагање за овие сертификации не е вклучено во цената.