ПОКАНА ЗА
презентација на инструментот за поддршка –
Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин -оф на Фондот за иновации и технолошки развој
Фондот за иновации и технолошки развој, Ве поканува на презентација за условите за аплицирање на отворениот јавен повик за инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин -оф.
Целта на поддршката е да се поттикне развој на иновативност кај новооснованите трговски друштва преку обезбедување на финансиска подршка за истражување и развој како и да се поттикне културата на превземање на ризик и воведување на иновации .
На овој инструмент имаат можност да аплицираат и проектни тимови од максимум 5 лица.
Апликантот односно проектниот тим е обврзан во рок од 30 календарски дена по прием на известувањето за селекција на предлог проектот, да основа трговско друштво.
Инструментот подржува проекти кои се во фаза на потврден концепт и јасна амбиција за комерцијализација .
Преку овој инструмент Фондот обезбедува финансиска поддршка за компании кои не надминуваат 1,000,000 евра во денарска противвредност , според финансиски извештаи за предходните две фискалани години и просечен број на вработени да не надминува 250 вработени и тоа :
- до 90% од вкупниот буџет на проект за трговски друштва до 3 години постоење до моментот на аплицирање или за проекти поднесени од страна на проектен тим но не повеќе од 40.000 евра
- до 85% од вкупниот буџет на проект за трговски друштва над 3 а помалку од 6 години постоење до моментот на аплицирање но не повеќе од 60.000 евра
Сите информации поврзани со јавниот повик се достапни на следниот линк:
Topic: Инфо сесија ,,Стартапувај 3‘‘ – Факултети
Time: May 25, 2021 11:00 AM Warsaw
Join Zoom Meeting
https://us02web.zoom.us/j/82583638184
Meeting ID: 825 8363 8184
Passcode: 435943А