EESTEC Academy претставува серија бесплатни предавања (модули) на одредена тема, која неколку години се одржува на техничкиот кампус.
Главна цел на настанот е да се овозможи на студентите, паралелно со нивните студии, да добијат дополнително знаење и вештини кои ќе им отворат нови перспективи во понатамошниот развој.
Темата на вториот модул е “Енергија и одржлив развој”. Предавањата ќе бидат оддржани од страна на професори од ФЕИТ.
EESTEC Academy ќе се одржи на 25 и 26 декември. Во продолжение ви ја доставуваме и самата агенда.
Петок (25ти декември)
12:45-13:00 – Отворање на настанот
13:00-14:00 – Врска меѓу електроенергетиката и одржливиот развој – проф. Снежана Чундева
14:15-15:15 – Електроенергетски мрежи – проф. Рубин Талески
Сабота (26ти декември)
13:00-14:00 – Аспекти на подобрување на енергетската ефикасност на електричните мотори – проф. Гога Цветковски
14:15-15:15 – Примена на нови технологии кај згради со потрошувачка на енергија близу до нула (nZEB) – проф. Христина Спасевска
Ги покануваме сите студенти кои се заинтересирани да се надоградат себе си и да стекнат нови знаења и вештини.
Ги очекуваме Вашите пријави на следната форма: https://forms.gle/4x3oYzkaBnH2zuZg7
Формата за пријавување ќе биде отворена до 23ти декември.
Повеќе информации за настанот може да добиете на: