
Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со гордост го најавува ден 3 (финале) на ТЕЛЕХАК@ФЕИТ– првиот хакатон посветен на телекомуникациите, наменет за ученици од четврта година од сите средни училишта во Македонија.
Во текот на хакатонот, учесниците работат со ментори од ФЕИТ, креирајќи иновативни решенија инспирирани од реални предизвици во телекомуникацискиот сектор. Хакатонот има за цел да ја разбуди љубопитноста и да ги мотивира младите да ја градат својата иднина во техничките науки.
Хакатонот се одржува во три дела, секој во траење од по три часа, и тоа:
- Ден 1: Интернет и мрежи (12 декември 2025 во 12:00 часот)
- Ден 2: Веб технологии и AI (3 март 2026 во 12:00 часот)
- Ден 3: Сајбер безбедност (5 мај 2026 во 12:00 часот)
Во текот на хакатонот, учесниците работат со ментори од ФЕИТ, креирајќи иновативни решенија инспирирани од реални предизвици во телекомуникацискиот сектор. Хакатонот има за цел да ја разбуди љубопитноста и да ги мотивира младите да ја градат својата иднина во техничките науки.
Учесниците на победничкиот тим на ТЕЛЕХАК@ФЕИТ добиваат едногодишни стипендии за студирање на студиската програма Телекомуникации и информациско инженерство (ТКИИ) на ФЕИТ.
Професорот од средното училиште кој ја формира екипата, како и сите учесници во тимот, добиваат плакети од ФЕИТ за освоена прво, второ и трето место на хакатонот.
Сите тимови како и професорите од средното училиште што го формирале тимот добиваат благодарници од ФЕИТ за учеството на хакатонот во 2025/2026 година.
На ден 3 (кој ќе се одржи на 5 мај 2026 со почеток во 12:00 часот) ќе учествуваат сите тимови кои учествуваа и на претходните два дена од хакатонот.
На крајот од ден 3 (финалето), ќе бидат прогласени севкупните победници на ТЕЛЕХАК@ФЕИТ 2026.

