Во рамките на Конференцијата ЕТАИ 2021, ќе се оддржи онлајн Тркалезна Маса организирана од Европскиот проект WideHealth – кој што го координира ФЕИТ.
Насловот на Тркалезната Маса е:
- Електорнско Здравство и Сеопфатни Здравствени Технологии: Предизвици и Можности
(E-health and Pervasive Health Technologies: Challenges and Opportunities)
Дел од темите што ќе се дискутираат се: е-здравје, вештачка интелигенција, мобилно здравје, Мој термин, податоци, приватност, меѓусебно поврзување на системи, итн.
Панелистите се експерти од академијата и индустријата и ќе разговараат за тековните и идните трендови во оваа област.
Датум: 23 септември 2021 година, од 15:00 до 16:30 часот.
Линк до настанот: https://bit.ly/3nsA16C
Настанот е отворен за јавност.
Повеќе информации на страната од проектот: https://widehealth.eu/