ИНОФЕИТ објавува програма за поддршка на иновативни студентски идеи INNO-SAE 2019

Датум на настан: 29.03.2019

Студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere (INNO-SAE 2019) е иницијатива на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ за поддршка на 60-годишнината на ФЕИТ преку демонстрација на иновативниот капацитет на студентите. Идејата е студентите да работат на иновативни идеи кои може да доведат до развој на прототип и да им помогнат во развивање на нивните претприемнички вештини. Програмата е отворена за сите студенти на УКИМ и ќе поддржи оригинални идеи со акцент на мултидисциплинарност односно посебно ќе се вреднуваат тимови формирани од студенти од различни единки на УКИМ кои нудат решенија за поинтелигентни опкружувања и апликации во иднина.

Повеќе детали за програмата може да се најдат на: http://inno.feit.ukim.edu.mk/?page_id=385

Сите заинтересирани ги каниме на отворените денови на програмата INNO-SAE 2019 кои ќе се одржат на 29.03.2019 и 16.04.2019 во 17 часот во просториите на ИНОФЕИТ кадешто ќе бидат детално објаснети условите, очекувањата и самиот тек на натпреварот.