од 25 мај до 21 јуни 2021 година
International Telecommunication Union (ITU) Centre of Excellence (CoE) на ФЕИТ во Скопје организира elearning курс на тема „Future Broadband: Ultra-broadband Internet, Clouds, IoT and Artificial Intelligence” од 25 мај до 21 јуни 2021 година, во рамките на ITU Centre of Excellence мрежата за регионот на Европа, при што истиот ќе се реализира преку ITU Academy: https://academy.itu.int
Менаџер/Координатор на ITU Centre of Excellence на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје е проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk).
Овој курс ќе биде фокусиран на Future Broadband: Ultra-broadband Internet, Clouds, IoT and Artificial Intelligence, вклучувајќи ги технологиите, регулаторните и бизнис аспекти. Притоа ќе бидат опфатени Интернет технологиите, вклучувајќи IPv6, DNS, DHCP, IPv4 кон IPv6 транзиција, HTTP 2.0, IPX, IP QoS, Cybersecurity, како и Internet governance. Понатаму, курсот ќе ги опфати идните ultra-broadband Internet пристапни мрежи, вклучувајќи ги идните пристапи преку бакар (MGfast), идниот оптички пристап (XG-PON, NG-PON2, DWDM), Carrier Ethernet, оптички транспортни мрежи и MPLS/VPN, SDN/NFV и мрежен слајсинг за фиксни и мобилни мрежи, submarine кабли, сателитски broadband пристап, како и идните broadband бизнис и регулаторни аспекти. Понатаму, ќе ги опфати Cloud Computing според ITU, идните OTT и телеком cloud сервиси (cloud-native PaaS, microservices, Machine Learning as a Service, Blockchain as a Service), сигурноста и приватноста на cloud, ITU Internet of Things (IoT) и Web of Things (WoT), Data management и Big Data архитектурите, сигурноста и доверливоста кај IoT/BigData, потоа употребата на Artificial Intelligence (AI)/ Machine Learning (ML) за Интернет и телеком мрежите, како и governance на clouds, IoT и AI. На крајот, курсот исто така ќе ги опфати идните ultra-broadband телеком сервиси, идните OTT сервиси (OTT говор, OTT video and AR/VR/XR, Web 3.0), tactile Интернет, индустрија 4.0 и Smart City сервисите, Intelligent operation network и Digital twins, Space-terrestrial integrated network (STIN), идните clouds/IoT/AI сервиси, иднината на Интернет мрежната неутралност во однос на телеком QoS, како и и бизнис и регулаторните аспекти на идните телеком, clouds/IoT/AI и OTT сервиси.
Курсот е наменет за менаџерите, инженерите и вработените во регулаторите, државните администрации, телекомуникациските оператори, ICT компаниите, како и од академската средина, кои се заинтересирани за разбирање, имплементација и регулирање на Future Broadband: Ultra-broadband Internet, Clouds, IoT and Artificial Intelligence, во однос на технологиите, стандардизацијата, регулативата и содржините. Останатите фирми/компании и поединци кои се посветени на зголемување на нивниот капацитет во однос на Future Broadband: Ultra-broadband Internet, Clouds, IoT and Artificial Intelligence се исто така добредојдени да учествуваат.
За добивање на формална покана за ITU CoE elearning курсот сите заинтересирани страни треба да го контактираат проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk), најдоцна до 24 мај 2021 година.