ITU Centre of Excellence elearning курс: „Mobile Broadband Internet, 5G and Future Services”

Датум на настан: 17.11.2020

 

17 ноември – 14 декември 2020

 

International Telecommunication Union (ITU) Centre of Excellence (CoE) на ФЕИТ во Скопје организира elearning курс на тема „Mobile Broadband Internet, 5G and Future Services” од 17 ноември до 14 декември 2020 година, во рамките на ITU Centre of Excellence мрежата за регионот на Европа, при што истиот ќе се реализира преку ITU Academy: https://academy.itu.int

Менаџер/Координатор на ITU Centre of Excellence на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје е проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk).

Овој курс ќе биде фокусиран на мобилен broadband Internet, 5G и идните сервиси, вклучувајќи ги технологиите, регулаторните и бизнис аспекти. Притоа ќе бидат опфатени Интернет и IP mobility менаџмент, Mobile IPv6, и mobile Internet governance. Понатаму, курсот ќе опфати 4G/4.5G пристап, LTE-Advanced и LTE-Advanced Pro, Evolved Packet System (EPS) архитектурата, WiFi traffic offload, 4G QoS, small cells, и spectrum management. Ќе бидат опфатени и 5G New Radio (NR) пристапот, 5G Next Generation core, 5G network slicing/virtualization и SDN (Software Defined Networking), 5G QoS, 4G кон 5G транзиција, како и 5G spectrum management вклучувајќи и 5G практични имплементации. Исто така, ќе бидат опфатени mobile/wireless Internet of Things (IoT) во 4G и 5G,вклучувајќи massive и critical IoT сервиси, како и Multi-access Edge Computing (MEC) и fog computing. Понатаму, курсот ќе опфати enhanced Mobile Broadband (eMBB), Ultra-Reliable Low-Latency Communication (URLLC) и massive Machine Type Communication (mMTC), како и употребна на Artificial Intelligence (AI) и Machine Learning во 5G. На крајот, курсот ќе ги опфати идните мобилни OTT сервиси и Интернет мрежната неутралност, VoLTE и VoNR, 5G media streaming, AR/VR, 5G TV broadcast, 5G fixed-wireless access, vehicular to everything (V2X), industrial automation, како и 5G паметни сервиси, вклучувајќи ги нивните бизнис и регулаторни аспекти.

Курсот е наменет за менаџерите, инженерите и вработените во регулаторите, државните администрации, телекомуникациските оператори, ICT компаниите, како и од академската средина, кои се заинтересирани за разбирање, имплементација и регулирање на Mobile Broadband Internet, 5G and Future Services, во однос на технологиите, стандардизацијата, регулативата и содржините. Останатите фирми/компании и поединци кои се посветени на зголемување на нивниот капацитет во однос на Mobile Broadband Internet, 5G and Future Services се исто така добредојдени да учествуваат.

За добивање на формална покана за ITU CoE elearning курсот сите заинтересирани страни треба да го контактираат проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk), најдоцна до 16 ноември 2020 година.