19 ноември – 16 декември 2019
International Telecommunication Union (ITU) Centre of Excellence (CoE) на ФЕИТ во Скопје организира elearning курс на тема „Wireless and Mobile Ultra-Broadband: LTE-A Pro, WLAN, and 5G NR” од 19 ноември до 16 декември година, во рамките на ITU Centre of Excellence мрежата за регионот на Европа, при што истиот ќе се реализира преку ITU Академијата: https://academy.itu.int
Менаџер/Координатор на ITU Centre of Excellence на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје е проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk).
Овој курс ќе биде фокусиран на Wireless и Mobile Ultra Broadband Internet – LTE-A Pro, WLAN and 5G NR, вклучувајќи ги технологиите, регулаторните и бизнис аспекти. Притоа ќе бидат опфатени mobile broadband технологиите, вклучувајќи ја конвергенцијата на мобилните мрежи и Интернет, улогата на ITU во мобилниот broadband Интернет, 4G LTE, LTE-A (4.5G), LTE-A Pro (4.9G), мобилните Internet of Things (IoT) архитектури, QoS во 4G/4.5G/4.9G мобилните мрежи, ITU spectrum management, како и бизнис и регулаторните аспекти на мобилниот broadband. Понатаму, курсот ќе опфати ultra-broadband WLAN, вклучувајќи ги архитектурите, ultra-broadband WLAN стандардите (IEEE 802.11 ac/ad), Next Generation WLAN (IEEE 802.11x), WLAN за Internet of Things (IoT), mobile traffic offload преку WLAN, како и регулаторните и бизнис аспектите на ultra-broadband WLAN. Исто така, ќе бидат опфатени и 5G mobile ultra-broadband, вклучувајќи ги ITU IMT-2020, 5G мрежните архитектури, network slicing, 5G New Radio (NR), 5G Next Generation Core (NG Core), Mobile Edge Computing (MEC), QoS во 5G, ITU WRC-2019 и алокациите на 5G спектарот, како и бизнис и регулаторните аспекти за 5G mobile ultra-broadband. На крајот, курсот ќе ги вклучи мобилните ultra-broadband сервиси, вклучувајќи Voice over LTE (VoLTE), Voice over 5G NR (VoNR), mobile TV и видео преку 4G/5G, enhanced Mobile Broadband (eMBB), Ultra-Reliable Low-Latency Communication (URLLC), massive Machine Type Communication (mMTC), Virtual Reality (AR) and Augmented Reality (AR), network neutrality vs. QoS, како и бизнис и регулаторните аспекти за мобилните ultra-broadband сервиси.
Курсот е наменет за менаџерите, инженерите и вработените во регулаторите, државните администрации, телекомуникациските оператори, ICT компаниите, како и од академската средина, кои се заинтересирани за разбирање, имплементација и регулирање на Wireless и Mobile Ultra-Broadband: LTE-A Pro, WLAN, и 5G NR, во однос на технологиите, стандардизацијата, регулативата и содржините. Останатите фирми/компании и поединци кои се посветени на зголемување на нивниот капацитет во однос на Wireless и Mobile Ultra-Broadband: LTE-A Pro, WLAN, и 5G NR се исто така добредојдени да учествуваат.
За добивање на формална покана за ITU CoE elearning курсот сите заинтересирани страни треба да го контактираат проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk), најдоцна до 18 ноември 2019 година.