Најава за „RoboMac 2019”

Датум на настан: 18.03.2019

Факултетот за електротехника и информациски технологии ги повикува сите студенти, ентузијасти и љубители на роботиката да се пријават на меѓународниот натпревар по роботика и вештачка интелигенција „RoboMac 2019”, кој ќе се одржи по деветти пат во периодот од 18-ти до 23-ти март.

Учесниците на натпреварот ќе имаат можност да работат во парови, да ги употребат своите знаења и вештини, истите да ги надоградат и усовршат, да соработуваат со студенти од земјата и странство, со цел да го освојат првото место во својата категорија.

Категориите во кои учесниците може да се натпреваруваат се:

  • роботска рака,
  • сумо,
  • Line Follower,
  • Лавиринт,
  • AI Football,
  • Sphero.

Покрај тоа ќе имаат можност да присуствуваат на предавања од своите области од интерес.

Оваа година за прв пат ќе се одржува категоријата RoboMac Junior во која ќе учествуваат средношколци од цела Македонија. Целта е да се зголеми интересот за роботика и вештачка интелигенција кај средношколците. Тие ќе имаат можност да слушаат предавања од професори и експерти во оваа област, но и да работат со едукативни роботи и да се натпреваруваат во програмирање и управување на истите.

Финалниот натпревар во сите категории ќе се одржи на 23.03.2019г.

За дополнителни информаци за категориите и пријавување, кое ќе трае до 10.03.2019г. посетете ја официјалната страна на RoboMac .

RoboMac 2019 е организиран од Студентскиот огранок на Македонската секција на ИЕЕЕ како и студенти волонтери од ФЕИТ.