Недела на роботиката

Датум на настан: 19.03.2019

Во скоп на Неделата на роботиката во соработка со  Young Engineers Скопје Македонија (STEM едукација во Македонија),  Факултетот за електротехника и информациски технологии и RoboMac 2019,Ве покануваме во вторник (19.03.2019), почнувајќи од 17:30 во Амфитеатарот на ФЕИТ, на настан за деца кои сакаат да видат вистински роботи и да слушнат за таинствениот свет на нивното функционирање, да научат што е вештачка интелигенција, како се движат и како размислуваат машините. Предавањето ќе биде прилагодено за детска возраст, спроведено од стручен кадар на ФЕИТ а наменето за заинтересирани родители и деца од Основно образование.