Отворен ден на УКИМ – Скопје

Датум на настан: 19.08.2022

Драги матуранти, наши идни студенти,

Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 19 август 2022 организира ,,Отворен ден на УКИМ” во периодот 10-14 часот.

Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.

Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности….Во рамки на отворениот ден ќе имате можност и да се запознаете со факултетот и неговите физички капацитети.

Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!

Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје!