Покана за webinar: МТА – Succeed. Start a Career in Technology

Датум на настан: 06.11.2019

Почитувани студенти,

Во среда, 06.11.2019, со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи webinar за можностите за MTA сертификација во рамките на факултетот. Како што дел од вас се веќе запознаени, ФЕИТ е дел од Microsoft Imagine Academy (MIA) програмата и претставува авторизиран Certiport испитен центар за Microsoft сертификација. Академијата и испитниот центар во рамките на ФЕИТ се веќе активни. Наскоро ќе добиете информација на веб страната на факултетот и по е-пошта за начинот на креирање на корисници, пристап до Microsoft курсевите и материјалите, како и начинот на сертификација. Ве покануваме да бидете дел од webinar-от, каде што ќе бидете запознаени со повеќе детали. Регистрацијата може да ја направите на следниот линк:

https://app.pg.mlsend.com/c4e0e3/