Прво виртуелно издание на EBEC

Датум на настан: 08.03.2021

 

Студент си на некој од техничките факултети на УКИМ?
Имаш желба и ентузијазам да се натпреваруваш?

Европскиот БЕСТ инженерски натпревар е настан кој им овозможува на натпреварувачите да се запознаат со реалните практични проблеми во светот на инженерите и инженерските решенија.

Оваа година, во услови на пандемија, за првпат EBEC ќе се одржува виртуелно од 08.03.2021 до 19.03.2021 и ќе биде во склоп на “Недела на инженерство”. Сите заинтересирани студенти ќе можат да се пријават и да се натпреваруваат, како дел од тим составен од 4 учесници, во една од категориите – Case Study или Team Design. Работата на учесниците ќе биде следена и оценувана од страна на стручно жири составено од претставници од партнер-компаниите, како и професори од техничките факултети при УКИМ. Задачите и проблемите со кои ќе се соочат студентите ќе бидат зададени од страна на партнер-компаниите – Aptiv, IW Connect и Johnson Matthey.

Може да се пријавите во една од двете категории:

Case Study – во оваа категорија натпреварувачите ќе се соочат со конкретен „случај“ од некој теоретски проблем. Тимовите треба да го најдат најдоброто решение со употреба на нивните аналитички вештини, академско знаење, креативност, како и способност за тимска работа. Оваа година, наши партнери за оваа категорија се IW Connect и Aptiv.

Team Design – категорија која ги предизвикува креативните вештини за решавање на практични проблеми, како и академското знаење и тимскиот дух на натпреварувачите, а предизвикот е дизајнирање на решение на даден проблем со ограничени материјали и време. Проблемот го поставува нашиот партнер, а овојпат тоа е Johnson Matthey.

Овојпат, освен што EBEC се преместува на виртуелните платформи, сите заинтересирани студенти ќе имаат можност да присуствуваат и научат нешто!
Без разлика дали ќе се натпреварувате или не, можете да се пријавите и да слушате предавања водени од страна на нашите партнер компании. Предавачи ќе бидат експерти од компаниите и ќе зборуваат за актуелни теми од инженерскиот свет.

Не ја пропуштајте шансата да бидете дел од овој незаборавен настан, да ги испробате вашите способности, да се запознаете со претставниците од компаниите како и врвни инженери од сите области.

За повеќе информации околу пријавувањето и други изненадувања, следете нѐ на нашите социјални мрежи:

Instagram ->BEST Skopje (@bestskopje)
Facebook -> https://www.facebook.com/bestskopje
LinkedIn -> BEST Skopje: Overview | LinkedIn