RoboMac 2020 – натпревар по роботика и автоматика во Македонија

Датум на настан: 09.03.2020

Факултетот за електротехника и информациски технологии ги повикува сите студенти, ентузијасти и љубители на роботиката да се пријават на меѓународниот натпревар по роботика и вештачка интелигенција „RoboMac 2020”, кој ќе се одржи по десетти пат во периодот од 9-ти до 14-ти март. Учесниците на натпреварот ќе имаат можност да работат во парови, да ги употребат своите знаења и вештини, истите да ги надоградат и усовршат, да соработуваат со студенти од земјата и странство, со цел да го освојат првото место во својата категорија. Категориите во кои учесниците може да се натпреваруваат се: Self Racing Cars, Sumo, Line Follower, Maze, Machine learning, Sphero. Покрај тоа ќе имаат можност да присуствуваат на предавања од овие области.

Финалниот натпревар во сите категории ќе се одржи на 14.03.2020г.

За дополнителни информаци за категориите и регистрација посетете ја официјалната страница на Робомак. Регистрацијата трае до 09.02.2020. RoboMac 2020 е организиран од Студентскиот огранок на Македонската секција на ИЕЕЕ како и студенти волонтери од ФЕИТ.

Link http://robomac.mk/