Tips & Tricks to survive

Датум на настан: 30.09.2019

Почитувани бруцоши на ФЕИТ,

Со цел олеснување на почетокот на Вашите студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии, Ве покануваме на една неформална дружба со Ваши постари  колеги – студенти на Факултетот кои на еден интересен начин ќе ви дадат насоки и совети за полесно да се прилагодите на новата средина.

Настанот Tips & Tricks to survive, кој е еден вид на ориентациски ден ќе се одржи на 30.9.2019 година (понеделник) во 12 часот во просторијата 223 на ФЕИТ.

Концептот на настанот е преку духовит и интересен пристап да Ви го доближи животот на ФЕИТ и да Ви се дадат другарски совети за полесно снаоѓање во првиот семестар од Вашите студии.

Ве очекуваме!