Систем за управување со квалитет според ISO 9001

Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје од 2015 година успешно функционира според воспоставениот стандард ISO 9001 одржувајќи функционален Систем за управување со квалитет (СУК) за следниот опсег:

Високообразовна дејност од прв, втор и трет циклус на студии, научноистражувачка, развојна и апликативна дејност во соработка со индустријата, трансфер на знаење и технологии во подрачјето на електротехничките науки и информациските технологии.

Преку воведениот Систем за управување со квалитет според EN ISO 9001, ФЕИТ стана првата високообразовна установа која ја потврди својата определба за квалитет во согласност со политиката на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и Министерството за образование и наука.

Системот во моментот опфаќа 8 системски процедури и 22 оперативни процедури. Процедурите се поткрепени со преку 70 обрасци за квалитет и работни упатства.

Системот за управување со квалитет на ФЕИТ е континуирано активен процес кој се прилагодува на релевантните законски измени од областа на делување на Факултетот и Универзитетот. Дополнително, процедурите и обрасците низ годините се менуваат и унапредуваат според потребите на носителите на дејноста (службите, наставниот кадар и Деканатот) и корисниците на услугите (студентите и надворешни корисници на услуги).

ФЕИТ ги применува принципите на Системот за управување со квалитет во своите образовни, научни и истражувачки процеси, со цел да обезбеди висок степен на задоволство и доверба кај студентите и сите заинтересирани страни.