Јавна одбрана на магистерски трудови

Согласно одредбите од член 69, од Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, термините за јавната одбрана на магистерски трудови се следни:

Кандидат Тема Датум Време Локација
Андреј Цветковски „Развој на дигитален близнак за мулти-кооперативни индустриски роботи за заварување“ 28.10.2026 12:00 Сала за конференции
Симона Тошеска Радовиќ „Интелигентно управување на беспилотно летало со помош на сензорска ракавица“, 30.10.2026 10:00 Сала за конференции
Светлана Павлеска Младеновиќ „Проблем на оперативно водење и управување на преносни системи со високо производство на електрична енергија од обновливи извори“ 03.11.2026 12:30 Сала за конференции
Анастасија Стефановска
„Примена на машинско учење за детекција на рак на дојка и анализа на клинички и психолошки фактори поврзани со болеста” 06.11.2026 12:00 Сала за конференции
Стефан Вуловски Иванов „Моделирање и оптимизација на напојувањето со електрична енергија на податочен центар кој користи фотоволтаична електрична централа и систем за складирање електрична енергија“ 12.11.2026 12:00 Сала за конференции