Сертификати: ECDL и ФЕИТ
Број на слушатели: од 10 до 20 по термин
Промотивна Цена: 369 € во денарска против вредност на три рати
Обуката за дигитален маркетинг организирана од Центарот за доживотно учење при ФЕИТ им овозможува на слушателите стекнување познавања на главните концепти и вештини на дигиталниот маркетинг, како што се создавање на веб-присуство, оптимизирање содржина за пребарувачите, користење платформи за социјални медиуми, продажба на интернет, различни видови рекламирање, како и следење и подобрување на кампањите со помош на аналитика.
Предавањата се со практични примери и вежби како и гости од овaа област. На крај се прави рекапитулација во конкретна компанија каде практично се повторува и утврдува поминатиот материјал. Потоа следи полагање на модулот по стандардизирани ECDL тестови. Кандидатите кои успешно ќе го положат испитот се здобиваат со ECDL сертификат кој има доживотна и меѓународна важност и со сертификат од ФЕИТ / ЦДУ.
ПРОГРАМА ЗА ОБУКАТА И ВРЕМЕТРАЕЊЕ
Обуката ќе се одвива во 11 термини (два термина неделно, по 3 часа на термин). Последниот термин ке биде во конкретна компанија каде ќе се направи рекапитулација на поминатиот материјал. Термините ќе бидат направени според расположливото време на поголемиот број од слушателите. При тоа ќе се поминат следниве теми:
ТЕМА |
ТЕРМИН |
ДАТА |
Концепти за Дигитален Маркетинг |
1 |
|
– Главни концепти |
||
– Планирање |
||
Веб Присуство |
2 и 3 |
|
– Опции за веб-присуство |
||
– Разбирање на веб-страна |
||
– Оптимизација на пребарувачот |
||
– Практични примери и вежби |
||
Поставување на социјални медиуми |
4 |
|
– Платформи за социјални медиуми |
||
– Сметки на социјалните медиуми |
||
– Практични примери и вежби |
||
Управување со социјалните медиуми |
5 и 6 |
|
– Услуги за управување со социјалните медиуми |
||
– Маркетинг и промотивни активности |
||
– Ангажман, потенцијални клиенти и продажба |
||
– Практични примери и вежби |
||
Онлајн маркетинг и рекламирање |
7 и 8 |
|
– Online рекламирање |
||
– Е-mail маркетинг |
||
– Мобилен маркетинг |
||
– Практични примери и вежби |
||
Анализа |
9 и 10 |
|
– Почеток |
||
– Веб аналитика |
||
– Увид на социјалните мрежи |
||
– Маркетинг по е-пошта и аналитика |
||
– Практични примери и вежби |
||
Рекапитулација |
11 |
|
Утврдување на материјалот во конкретна институција/фирма/компанија |
ДЕТАЛИ ЗА ОБУКАТА
Начин на изведување: Обуката ќе се изведува хибридно (во живо во компјутерска лаболаторија 322а на ФЕИТ со можност за следење online)
Динамика на изведување: Обуката ќе се изведува кога ќе се формира група од 10 до 20 пријавени учесници. Ако има поголем интерес, обуката може да се изведува повеќе пати.
Тек на наставата: Обуката ќе се спроведе во тек на 11 работни дена (термини), распоредени во шест недели. Во секој термин се предвидени по 3 часа, а во тек на неделата ќе има два термина. За целото времетраење на обуката, слушателите ќе изведуваат самостојна работа.
Потребни предзнаења: Основно познавање од работа со компјутери.
Цел на обуката: Обуката за дигитален маркетинг овозможува да се:
–разберат клучните концепти на дигитален маркетинг, вклучувајќи ги предностите, ограничувањата и планирањето.
-разберат различни опции за присуство на веб и како да изберат соодветни клучни зборови за оптимизација на пребарувачот.
-препознаат различни платформи за социјални медиуми и поставете и користат заеднички платформи.
-разберат како ефективно управување со социјалните медиуми помага во промоција и генерирање на водечките луѓе.
-користат услуга за управување со социјалните медиуми за да закажувате објави и да поставувате известувања.
-разбираат различните опции за онлајн маркетинг и рекламирање, вклучувајќи пребарувач, е-пошта и мобилен маркетинг.
-разбираат и користат аналитичките услуги за следење и подобрување на кампањите.
Целиот материјал кој ќе се помине е поддржан со практични примери и соодветни вежби во факултетската компјутерска лаболаторија и во конкретна фирма / компанија / институција.
Самостојна работа и проверка на знаењето: За време на обуката, се предвидува самостојна работа на учесниците, практични примери и вежби како и соодветни гости од областа. Последниот термин е предвиден за рекапитулација на поминатиот материјал. На крај од обуката, се полага ECDL лиценциран тест за проверка на знаењето на учесниците.
Сертификат: По успешно завршување на обуката и положување на тестот, учесниците ќе добијат интернационален ECDL сертификат и сертификат од ФЕИТ.
Пријавување: На мејлот cdu@feit.ukim.edu.mk, испратете Ваше CV, краток текст што очекувате од обуката и предлог за термини.