Рок за аплицирање до 1.10.2020
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА 103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за индивидуална мобилност за студенти.
Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата во 3 примерока до Еразмус+ координаторот на ФЕИТ проф. д-р Маргарита Гиновска, најдоцна до 1 октомври 2020 година.
Повеќе информации и потребните документи се дадени на следниот линк www.ukim.edu.mk/меѓународна соработка/ЕРАЗМУС+
УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ објавува
КОНКУРС
ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+
АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ
за академската 2020/2021 година
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ K103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.
Право на пријавување имаат само редовни студенти со завршена прва година на студии.
Времетраење на мобилноста за студенти: еден семестaр (летен семестар).
Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу УКИМ и ЕУ универзитетите. (Види листа на Еразмус+ договори)
- Потребни документи за мобилност на студенти:
Сите документи за аплицирање се достапни на интернет-страната на Универзитетот www.ukim.edu.mk/меѓународна соработка/ЕРАЗМУС+ или интернет-страната на факултетот:
- пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
- договор за студирање (Learning Agreement) во кој се утврдува програмата за студирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот факултет/Еразмус+ координаторот и факултетот во странство (минимум 20 ЕКТС- максимум 30ЕКТС);
- уверение за положени испити на македонски јазик;
- најмалку една препорака;
- уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ универзитетот издадена од признат центар/школа за странски јазици;
- уверение за редовен студент- запишан семестар/година (на македонски јазик);
- кратка биографија (Europass model).
Висината на стипендијата за студентите изнесува 470-520 ЕУР месечно, согласно земјата во која се престојува (Види листа на интернет-страната на Универзитетот.
Патните трошоци и здравственото осигурување ги покриваат лично студентите.
Селекцијата/рангирањето на кандидатите ја прави факултетот согласно со утврдените критериуми: академскиот успех, познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата, мотивација.
При одлучувањето, предност ќе имаат кандидатите кои аплицираат за првпат и досега не користеле Еразмус+ стипендија.
Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата во три примерока до Еразмус+ координаторот на факултетот каде студираат, најдоцна до 1 октомври 2020.
(Еден примерок за Еразмус+ коррдинаторот, еден примерок задржува студентот и еден примерок се доставува до Ректоратот на УКИМ)
(Види листа на Еразмус+ координатори по факултети).
Краен рок за поднесување на рангираните апликации од страна на факултетите до Ректоратот е 10 октомври 2020.
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ