УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ
објавува
КОНКУРС
за студентски мобилности во рамки на програмата ЕРАЗМУС+
АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ
за зимскиот семестар во академската 2025/2026 година
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА131 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје распишува конкурс за доделување стипендии за индивидуална мобилност за студенти на високообразовните институции во програмските држави:
- државите членки на ЕУ;
- државите членки на ЕФТА кои се и членки на ЕЕО (Норвешка, Исланд и Лихтенштајн);
- Република Србија и Република Турција.
Конкурсот е отворен за:
- 11 студентски мобилности за студирање
Времетраење на студентска мобилност за студирање: еден семестар (зимски семестар)
Право на пријавување
Редовни студенти на:
- прв циклус студии, со најмалку завршена прва година на студии, односно запишан трет семестар;
- втор циклус студии;
- трет циклус студии.
Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу УКИМ и високообразовни институции во програмските држави. (Види листа на Еразмус+ договори)
Потребни документи за мобилност на студенти
Сите документи за аплицирање се достапни на интернет-страницата на Универзитетот: https://ukim.edu.mk/studenti/studentski-mobilnosti/erazmus/ или интернет-страницата на факултетот:
- пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
- уверение за положени испити на македонски јазик;
- уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ-универзитетот, издадена од признат центар/школа за странски јазици;
- уверение за редовен студент – запишан семестар/година (на македонски јазик);
- кратка биографија (Europass model);
- мотивациско писмо.
Задолжително:
- договор за студирање (Learning Agreement for studies), во кој се утврдува програмата за студирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот факултет/Еразмус+ координаторот и факултетот во странство (минимум 20 ЕКТС – максимум 30 ЕКТС).
Насоките за изготвување на OLA (Guidelines for Online Learning Agreement for Studies)
Кандидатите за студентска мобилност, за студирање, лично ја поднесуваат апликацијата во три примероци до Еразмус+ координаторот на факултетот/институтот каде што студираат, најдоцна до 18 април 2025 година.
(Еден примерок за Еразмус+ коррдинаторот, еден примерок задржува студентот и еден примерок се доставува до Ректоратот на УКИМ)
(Види листа на Еразмус+ координатори по факултети).
Селекција на кандидатите
Првичната селекција/рангирање на кандидатите ја прави факултетот/институтот согласно со следниве критериуми:
- академски успех;
- познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата;
- мотивација за реализирање на Еразмус+ мобилност.
Поради ограничениот број на мобилности на годишно ниво, а со цел поголем број на студенти да бидат вклучени во овие форми на мобилност, во процесот на селекцијата предност ќе имаат кандидатите кои претходно не користеле Еразмус+ стипендија.
Согласно со Еразмус-повелбата за високо образование 2021-2027, при селекцијата на кандидатите ќе се води сметка за вклучување на студентите со посебни потреби и помалку можности. (Види: Инклузија (поддршка) на студенти со посебни потреби и помалку можности)
Краен рок за поднесување на рангираните апликации – студентска мобилност за студирање од страна на факултетите до Ректоратот е 25 април 2025 година.
Висината на стипендијата/грант за студентите изнесува 606-674 ЕУР месечно, согласно земјата во која се престојува. Види: (Листа за студирање).
Патните трошоци и здравственото осигурување ги покриваат лично студентите.
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ