10 години СКЕЕОР

Датум на настан: 26.10.2022

Здружението за истражување и промоција на енергетска ефиканост и одржлив развој – СКЕЕОР Скопје e етаблирано здружение создадено од студенти кое успешно функционира 10 години, активно делувајќи кон промоција и поттикнување на свеста за проблемите и решенијата поврзани со енергетската ефикасност и одржливиот развој.

Оваа година, кога се одбележува Европската година на младите, здружението СКЕЕОР, под покровителство на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), ќе го одбележи својот 10-годишен јубилеј, со организирање на Десеттата јубилејна студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2022, во периодот од 26-ти до 29-ти октомври 2022.

Конференцијата оваа година ќе се одржува со физичко присуство на учесниците во просториите на ФЕИТ. Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме да учествувате. Повеќе информации за пријавувањето и роковите можете да најдете преку следниов линк.