Билтен бр. 2 од проектот WideHealth

Објавено: август 4, 2022

Европскиот проект WideHealth, координиран од ФЕИТ/УКИМ, го објави својот втор билтен. Во овој билтен на WideHealth може да најдете информации за летната школа за човечки фактори во e-Здравството што се одржа во Лисабон од 11-ти до 15-ти јули, 2022 година. Билтенот исто така споделува информации за други претстојни настани (ко)организирани од WideHealth проектот.
Дополнително, билтенот споделува линкови од снимките од семинарите организирани од проектот, како и до публикациите на проектот со отворен пристап. Конечно, во овој билтен можете да најдете и интересни повици за трудови и проекти од областа на е-Здравство.

За повеќе детали и преглед на WideHealth билтенот притиснете ТУКА .