Европскиот проект WideHealth, координиран од ФЕИТ/УКИМ, го објави својот трет билтен. Во овој билтен проектот ја најавува следната зимска школа за доверлива вештачка интелигенција што ќе се одржи во Потсдам од 14ти до 17ти март 2023 г.
Билтенот исто така споделува информации за неодамнешните настани (ко)организирани од проектот. Дополнително, билтенот споделува информации и за лансирањето на тренинг портал од страна на проектот. Конечно, можете да најдете линкови до снимките од семинарите организирани од проектот, линкови до публикациите од проектот со отворен пристап, како и интересни повици за трудови и проекти од областа на е-Здравство.
За повеќе детали и преглед на WideHealth билтенот притиснете ТУКА.