Ден за кариерен развој

Објавено: мај 12, 2023

На 11 мај 2023 година, од 12:00 до 16:00 часот на просторот кај ФЕИТ и МФС на Универзитетот,, Св. Кирил и Методиј” во Скопје се одржа “Ден за кариерен развој”. Настанот беше во организација на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” и Центарот за кариера на УКИМ, со подржка од Центрите за кариера на Архитектонски Факултет, МФС и ФЕИТ.

Основан цел на настанот беше да се доближат компаниите до студентите, проширувајќи ги нивните кариерни можности и на истиот учествуваа 31 реномирана компанија кои имаа можност за остварување на директен контакт со студентите и презентирање на своите можности за вработување и практиканство за време и по завршување на студиите. Со тоа се мотивираа и поттикнаа студентите во нивниот понатамошен кариерен развој. Воедно на настанот се организираа две работилници на тема: “Ви треба ли Chat GPT за планирање на кариера?” и “Вмрежување – зошто е важно во процесот на барање работа?” a истиот беше збогатен со музички сетови од диџеј и со освежителни сокови.