Девојките од ФЕИТ вицешампиони на Скопски маратон 2023

Објавено: октомври 3, 2023

На први октомври 2023 година се одржа 19тиот Скопски маратон. ФЕИТ како и секоја година зема учество со свои претставници.

Огромен е успехот и оваа година на женската штафетна екипа (Маре Србиновска, Александра Златкова, Тања Бабунска и Сара Алексоска) која го освои второто место (сребрен медал), додека машкиот штафетен тим (Виктор Сапунџиовски, Ѓорѓи Сиракоски, Валентин Раковиќ и Филип Панчевски) го освои 13-тото место. Успешен настап за тимот на ФЕИТ постигнаа и маратонците Томислав Карталов и Томислав Шуминоски, кои успешно ја завршија маратонската дистанца од 42.2km. На полумаратонската дисциплина од 21.1 km учество земаа: Емилија Чона, Ања Крстевска, Марко Петров, Александар Ризев, Дарко Колоски, Дејан Дичоски, Николај Апостоловски, Круме Крстески, Филип Доневски, Јован Донев. На најмасовната трка од 5km ФЕИТ го претставуваа: Весна Андова, Михаил Димовски, Милан Патлиџанковски, Рената Мицевска.

Деканот на ФЕИТ им го честита одличносот постигнување на сите маратонци, со желба и мотив за уште поголеми предизвици и успеси.