Донација на полначница за електрични возила

Последна измена: јули 21, 2021

ФЕИТ потпиша договор со словачката компанија SEAK за донација на полначница за електрични возила со 2 втичници.

Полначницата ќе биде инсталирана на паркингот на Факултетот во последната седмица во мај, 2021 година.

ФЕИТ ќе соработува со компанијата SEAK и на осовременување на содржината по предметот електрични возила, како и во научно-истражувачката дејност.

Повеќе информации за компанијата SEAK на страната: http://www.seakenergetics.com/