Две студентки од ФЕИТ меѓу најдобро дипломираните студенти на УКИМ за учебната 2022/2023 година

Објавено: мај 20, 2024

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ги награди Ангела Мешкова и Матеа Ташковска од ФЕИТ, како дел од најдобро дипломираните студенти на универзитетот за учебната 2022/2023 година. Двете студентки постигнаа просечен успех од 10.00 на студиите на ФЕИТ и беа наградени со пофалница и златник со ликот на Светите Кирил и Методиј. Им честитаме на наградата и им посакуваме многу успеси во понатамошните кариери.