ФЕИТ на Денот на младите истражувачи на УКИМ

Објавено: ноември 11, 2026

Во рамките на „Месецот на науката на УКИМ 2026“, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организира три значајни настани посветени на младите истражувачи, научните достигнувања, иновациите и унапредувањето на поврзаноста на науката со општеството.

На Денот на науката, 10 ноември 2026 година, во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржа настан посветен на научноистражувачката работа на младите истражувачи од УКИМ.
Во рамките на настанот беше организирана отворена постер-сесија на која номинирани млади истражувачи од различните единици на Универзитетот ги поставија резултатите од своите истражувања. Факултетот за електротехника и информациски технологии го претставуваше д-р Марија Паликрушев со постер со наслов: „Од пренос на бити кон пренос на значење: Семантички комуникации во безжични мрежи“, изработен под менторство на проф. д-р Зоран Хаџи-Велков.

Постер сесијата овозможи директна размена на идеи меѓу младите истражувачи, професори и гости, и ја истакна важноста на младите научни кадри за развој на науката  и иновациите во земјата.