Финале на RoboMac 2024

Објавено: април 26, 2024

Ве покануваме на финалниот натпревар на овогодинешниот RoboMac 2024 кој ќе се одржи во сабота 27 април во 17:00 часот, во амфитеатарот на ФЕИТ.

RoboMac е годишна меѓународна студентска работилница и натпревар по роботика, aвтоматика, електроника и вештачка интелигенција, кој се одржува по 12ти пат на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје.

Носители на настанот се македонската секција на ИЕЕЕ (IEEE – The Institute for Еlectrical and Еlectronics Еnginеers), преку нејзиниот студентски огранок при УКИМ и Факултетот за електротехника и информациски технологии, а е во коорганизација со Факултетското студентско собрание – ФЕИТ.

Учесниците на натпреварот имаат можност да работат во тимови и да ги усовршат и употребат своите теоретски знаења и практични вештини за да победат во својата категорија, притоа дружејќи се и соработувајќи со студенти од земјата и странство.

Целта на настанот е популаризација на роботиката и вештачката интелигенција помеѓу студентите и младите во Македонија.