Финале на РобоМак 2023

Датум на настан: 13.05.2023

Ве покануваме на финалниот натпревар на овогодинешниот РобоМак 2023 кој ќе се одржи во сабота 13.05. во 17:00 во киното Милениум во ГТЦ во Скопје.
Робомак е годишна меѓународна студентска работилница и натпревар во роботика и вештачка интелигенција. Се одржува по 11ти пат на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје, во организација на македонската студентска секција на организацијата IEEE (Institute of Electrical and Electronics Engineers), Факултетското студентско собрание на ФЕИТ и ФЕИТ ФабЛаб.
Учесниците на натпреварот имаат можност да работат во тимови и да ги усовршат и употребат своите теоретски знаења и практични вештини за да победат во својата категорија, притоа дружејќи се и соработувајќи со студенти од земјата и странство.
Целта на настанот е популаризација на роботиката и вештачката интелигенција помеѓу студентите и младите во Македонија.