Во рамки на одбележуваьето на 80 години централнобанкарски активности, Народната банка на Република Северна Македониа во текот на месец декември 2026 година ќе организира дводневен Хакатон наменет за студентите од областа на информатичките науки и компјутерското инженерство.
Целта на Хакатонот е да се изработи мобилна апликација, при што ќе се поттикне креативноста, иновативноста и практичната примена на знаењата кај студентите, преку работа на реален дигитален предизвик, како и да се овозможи нивна директна соработка со експерти од Народната банка.
Хакатонот ќе се одржи во просториите на Народната банка, при што учесниците ќе работат во тимови составени од три до пет студенти. Тимовите студенти ќе работат со ментори од Народната банка.
Тематската задача на Хакатонот се однесува на изработка на мобилна апликација врз основа на постојната веб-алатка на Народната банка: „Споредба на податоците од банките иштедилниците за кредитите и депозитите аз физичките лица”, достапна на следниот линк: https://sporedi.nbrm.mk/
Во рамки на напреварот, од учесниците ќе се очекува да предложат и развијат технички решенија за:
- Овозможување за користење на апликацијата „Споредба на податоците од банките и штедилниците за кредитите и депозитите за физичките лица” различни мобилни уреди (responsive design – мобилни телефони, таблети и сл.),
- Обезбедуванье подобра функционалност и визуелизација на податоците.
Решенијата треба да бидат изработени со современ пристап, со акцент на употребливост, перформанси и техничка одржливост.
Изворниот код за изработената мобилна апликација на наградените тимови останува во сопственост на Народната банка.
Народната банка обезбеди парични награди за тимовите кои ќе освојат прво, второ и трето место, и тоа, 120.000,00 денари, нето, за прво место, 60.000,00 денари, нето, за второ место, и 30.000,00 денари, нето, за освоено трето место.
Пријавување на тимови на е-маил: nastava@feit.ukim.edu.mk најдоцна до 24.11.2026 до 12:00h
Тимот се состои од 3-5 члена. Една пријава се однесува на еден тим.
Во пријавата се наведува:
– Имиња и презимиња на членовите на тимот, студиски програми, индекси и е-маил адреси
Треба да се изберат најмногу два тима.
Затоа, тимовите кои ќе бидат пријавени на хакатонот од страна на ФЕИТ, ќе бидат избрани по принцип: прв пријавен, прв услужен.
Се надеваме ќе имате интересен предизвик и достојно ќе го претставувате ФЕИТ на хакатонот.

