ИНОФЕИТ и УСС објавуваат програма за поддршка на иновативни студентски идеи INNO-SAE 2020

Објавено: мај 12, 2020

Студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere – INNO-SAE 2020 е заедничка иницијатива на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ и Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” (УКИМ) во Скопје насочена кон стимулирање на иновативниот капацитет на студентите. Идејата е да се стимулираат студентите да работат на иновативни идеи кои можат да се развијат во прототип и, истовремено, да се развиваат нивните претприемнички вештини. Програмата е отворена за сите студенти на УКИМ и поддржува оригинални идеи со мултидисциплинарен пристап кои обезбедуваат зголемена амбиентална интелигенција за различни апликации.

Повеќе детали за програмата може да се најдат на: http://inno.feit.ukim.edu.mk/?page_id=493

За да се олесни комуникацијата помеѓу интердисциплинарните тимови формирани од студенти од различни факултети, ИНОФЕИТ ќе организира информациски денови за вмрежување и ориентација по потреба преку телеконференциска врска.

За дополнителни информации, сите заинтересирани можат да се обратат на innofeit@feit.ukim.edu.mk.

http://inno.feit.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2020/05/innosae20.jpg