
ЕВН Македонија и оваа година ги отвори повиците за аплицирање во рамки на програмите за стипендирање ЛОСТ и СОС ЛОСТ.
Преку програмата ЛОСТ се обезбедува финансиска поддршка за студенти од електротехничките и факултети од областа информатички и компјутерски технологии кои доаѓаат од семејства со ниски приходи. Покрај стипендијата, програмата нуди можности за учење преку работа, менторство и професионален развој.
Преку програмата СОС ЛОСТ се доделуваат стипендии за ученици и студенти во социјален ризик, со цел да им се овозможат еднакви можности за квалитетно образование и подобра иднина.
Повеќе информации за начинот на пријавување можат да се најдат на следната врска: https://www.evn.mk/Career/Scholarship.aspx?lang=mk-mk
Рокот за пријавување е 15.9.2026.

