ЛЕОС2022

Објавено: јуни 23, 2022

На 24 и 25 јуни во Хотел Панорама во Крушево ќе се одржи конференцијата ЛЕОС2022 (Летен симпозиум за електроника и процесирање на сигнали 2022). Институтот за електроника оваа година ја организира оваа конференција во чест на тројца наши колеги кои одбележуваат 75 години живот и дело, тоа се проф. Софија Богданова, проф. Љупчо Пановски и проф. Гоце Арсов. Повелете како автори или како слушатели, низ наука и дружење да им оддадеме признание на нашите доајени.