Маратонците од ФЕИТ со нови големи успеси на интернационална сцена

Објавено: септември 9, 2018

На 9ти септември 2018 година се одржа 33-тиот интернационалниот Wizzair полумаратон во Будимпешта. Двајца претставници од Факултетот за електротехника и информациски технологии во најдобро светло го претставија Факултетот во конкуренција од 20000 учесници.

Претставници од ФЕИТ се: Маре Србиновска (женска конкуренција) и Петар Турмаковски (машка конкуренција) , кои успешно го завршија полумаратонот .

Деканот Ташковски им ги честиташе освоените места и посака, наредната година, да се пласираат на уште подобри позиции.